Таг: шкотски навивачи

Кога евроголот на Модриќ ќе те фрли во очај

Шкотланѓаните имаа надежно израмнување, ама изгледа заборавија какви играчи имаат Хрватите и кој е Лука Модриќ. Кутриов врат ќе си скршеше.

Шкотски навивач во Лондон, класика

Европското завршува на 11 јули, ама нема да има појак дуел еден на еден од овој. 100 посто.

И тоа има - шкотски клуб со Твитер анкета прашува дали да го задржи голманот

Шкотскиот фудбалски клуб Ливингстон, познат во овие краишта преку обложувалниците, реши да се консултира со своите навивачи околу останокот на еден од голманите во клубот

Шкотските навивачи имаат култура на гостувања која другите ја немаат

Во неколку дневната програма на квалификациски натпревари кои траат до утре, имаше едно големо изненадување во Казахстан кое и се случи на Шкотска. Без разлика на срамниот резултат, нивните навивачи кои беа два пати и во Скопје, не престануваат со својата мисија која освојува сечие срце.

Како заврши страшната серија на Селтик од 18 месеци без пораз

Во неделата во главниот град на Шкотска заврши непобедливата серија на Селтик од 69 меча по ред во домашните натпреварувања - со дебакл од Хартс 4:0.

Која е најубавата кореографија во Лигата на шампионите

Искрено веруваме дека навивачите на Вардар во првата прилика ќе се искупат за промашеното тифо на мечот против Реал Сосиедад, а до тогаш ќе ја разгледаме тематиката ширум Лигата на шампиони.

Навивачите на Селтик со најдобар перформанс

Конкуренцијата за оваа награда беше голема, но на крајот признанието го земаа „Келтите“ од Глазгов за прекрасната кореографија во мај.

Режија сврти ваму камерата да ти покажам нешто

Селтик славеше 0:1 на гостувањето против Розенборг, гол вреден плејоф во Лига на шампиони. Според изгледот на лицата на навивачите голот на ова видео изгледа уште не е паднат. Него друго ни е муабетот, 20 пива се во прашање или?

Најдобрата навивачка група повторно ќе го окупира Скопје

Илјадници шкотски навивачи познати како Тартан армија повторно ќе пристигнат во Македонија. Најдобрите гостински навивачи кои некогаш биле во нашата земја освен што навиваат, во Македонија ќе организираат и добротворна акција.

Шкотланѓаните се фатија за лопата во Нови Сад

Снегот не ги завеа само нашите репрезентативци во Белгија, каде вчера тренираа на зимски услови. Под снежна покривка е и стадионот „Караџорџе" во Нови Сад каде вечерва се игра квалификацискиот напревар помеѓу Србија и Шкотска во нашата А група.