Последниот меч на Селтик минатата сезона од првенството на Шкотска се падна н 25. мај и се совпадна со 50-годишнината од најславниот момент во историјата на клубот: На 25. мај 1967 година во Лисабон во финалето на Купот на шампиони Селтик го совладал Интер и го освоил главниот трофеј на европскиот фудбал - прв меѓу британските клубови.
Трофејот го освоила легендарната екипа на големиот Џок Стејн коишто ги прозвале „Лисабонски лавови“. Перформансот на навивачите на Селтик од мечот во мај ФИФА на свечената церемонија го избра за најдобар од минатата сезона.
🔥🦁🏆
— Celtic Football Club (@celticfc) May 21, 2017
Watch in slow-mo as Paradise pays a fitting tribute to the Lisbon Lions. #Lisboa50 pic.twitter.com/fWbxAyplbk
Конкуренти за наградата им беа навивачите на Борусија Дортмунд кои ги вдомија навивачите на Монако по одложениот натпревар меѓу двете екипи во ЛШ поради нападот врз автобусот со играчи на Дортмунд.