Ваква автобуска сцена обично ќе нè асоцираше на „Ко то тамо пева“, ама после трагедијата во близина на село Ласкарци, ни останува само да си ц'цкаме. Повеќе
Патакот во интервјуа некогаш знаеше да биде дрчен, да гунѓа, да е незадоволен од третманот... просто, да го има „малку премногу“. Денес е сторен прав поглавица: мек и стишан, ненаметливо мудар, комплетно во синк со тоналитетот на своите емоции. Убаво интервју за една бугарска телевизија во кое новинарката (иако со ужасна дикција!) знае да постави вистинско прашање и потоа да му го препушти лулето на „Бикот со жичана душа“. Повеќе
По кратка пауза од 20 и кусур години, еве ти ги нив со нова песна. Па уште и добра, јака, асфалтна, како некогаш. Го зачувале стариот оган, уиграни како што ги памтиме. Енко ја гони песната во галоп, Сецко не ѝ дава да мрдне ни лево ни десно. Дечки, има да се рокаат газови на ова во живо! Повеќе
Бугарски тинејџер и гејмер сака да стане Јутјубер ама по дома има еден створ кој јако го минира. А заебан е тоа трол, му се појавува по гаќи таман толку колку да му го уништи кадарот а притоа да не му се види лицето. Како и за секој бугарски клип, и за овој упатството е исто: да се пушта на рипит додека репликата не се научи на памет! Повеќе