1.) Вештини можат да се научат. Карактер е она што или го имаш или го немаш.
2.) Ако имаш 22 години, физички си спремен и си гладен да учиш и да бидеш подобар, те советувам да патуваш - најдалеку и најшироро што можеш. Спиј по подови ако мораш. Дознај како други луѓе живеат, како јадат, како готват. Учи од луѓето каде и да си
.
3.) Не лажи. Си направил грешка, признај ја и продолжи понатаму. Само не ја повторувај.
4.) Што пофино за човек можеш да направиш отколку да му спремиш појадок ? "
5.) Патувањето те менува. Како што минуваш низ животот, оставаш траги во светот во кој се наоѓаш. Истовремено и светот остава траги во тебе. Повеќето од тие траги - на телото и во душата - се прекрасни. Честопати знаат да бидат и болни.
6.) Можеш многу да дознаеш за некого кога со таа личност делите храна.
7.) Твоето тело не е храм, туку е Луна парк. Уживај во возењето.
8.) Можеби е просветлувачко сознанието дека не постои конечно место на кое умот ќе застане и ќе се одмори. Можеби мудрост е кога ќе сфатиш колку си мал и немудар и уште колку пат треба да поминеш.
9.) Не мора да се согласувам со тебе за да те почитувам.
10.) Добрата храна најчесто е едноставна храна.
11.) Со сигурност знаеме дека постои директна обратнопропорционална врска меѓу бројот на заеднички семејни трпези и социјалните проблеми. Грубо кажано, членовите на оние семејства кои заедно јадат статистички помалку ограбуваат дуќани, дигаат во воздух лаборатории за дроги, раѓаат бебиња навлечени на крек, се самоубиваат или снимаат порно со магариња.
12.) Отвори си го умот, стани од кауч, мрдни.
13.) Среќата не е бизнис модел.
14.) Има нешто прекрасно во пиење попладне. Не премногу ладно пиво, тотално сам, дури и во некој фејк ирски паб.
15.) Во графата "зошто ја напуштив претходната работа" никогаш не ги наведувај вистинските причини, доколку тоа не се пари или амбиции.
16.) Да се има совест многу ретко е добро за кариерата.
17.) Начинот на кој правиш омлет го открива твојот карактер.
18.) Контекстот и сеќавањата играат важна улога во сите битни оброци во нечиј живот.
19.) Добрата храна и доброто јадење секогаш вклучуваат некаков ризик.
20.) Без разлика колку шотови си испил додека си бил студент, без разлика колку се сметаш за добар пијач, не заборавај дека Русин, кој било Русин, може да те легне со пиење.
21.) Ако некого погледнеш во очи и му кажеш дека е дебела, неупотреблива сифилистична лепешка, тоа не значи дека не ти се допаѓа. Тоа може да биде - и честопати е - знак на наклонетост.
22.) Без нови идеи, успехот може да скисели.
23.) Способноста да се нахраниш себе и блиските треба да биде учена од сите млади како основна вештина, витална за нечие растење и созревање на ист начин како што е тоа знаењето да се избрише газот, да се помине улица или да се располага со џепарлак.