Таг: селтик

Извини, не видов дека си излезен

Селтик во прво полувреме му подари гол на Клуб Бриж во ЛШ, само поради една несреќна ситуација пред гол. По грешка си ја збрца Картер Викерс.

Шкотско навивачко лудило во 95 и 97 минута

Навивачите на Мадервил и Селтик приредија сцени кои ретко се гледаа. Домаќините до толку прснаа од радост за израмнувањето против 53 кратниот првак на Шкотска во 95-та, што се симнаа на терен, мислиш титула слават. Ама тоа не беше крај на мечот. Селтик победи 1:2 со гол во 97-ма.

Трпеливиот Селтик изгради успешна акција со 41 додавање

На моменти човек ќе помисли дека многу ја угњавија топката, ама што не им ја земат ако можат? Плус гол дадоа. Се работи за шестиот погодок на дуелот против Сент Џонстон кој го декласираа 7:0. Си вежбаа луѓето.

Ја префрли преку стадион

Ај да е трета - четврта шкотска лига ќе разбереме некако, ама фудбалер на Селтик вака аматерски да ја заврши сам пред гол? Му го дупна тапанчето на стариот.

Го нема Ибра, го има Хауге, норвешкиот бисер кој прави дар-мар

Јенс-Питер Хауге има 21 година. Во Милан дојде пред пар месеци кога со својот Молде одигра фантастичен меч и постигна еврогол во плејофот за Лига Европа. Малдини и управата буквално не го пуштиле малиот да си оди назад затоа што решиле преку ноќ да потпишат договор со него. И веќе им се исплати.

Голот на Ван Дајк кој го паметат само навивачи на Селтик

Денес важи за најдобар стопер во англиската Премиер лига, а малку кој памети дека Вирџил Ван Дајк пред да се пресели во Англија (Саутемптон па Ливерпул), беше капитен на Селтик со кој освои две титули и шкотски Лига Куп. На 8-ми јули наполни 29 години.

Во 1989-та Ренџерс првпат потпишал играч католик и се кренало востание

Едно од најжестоките ривалства во светот на спортот е она меѓу фудбалските клубови Ренџерс и Селтик од Глазгов. Повеќе од 100 години нивните меѓусебни средби носат неверојатен набој и тензија каква ретко каде во светот има. Зошто е така и од каде потекнува омразата?

Како полиција на фудбал без потреба знае да направи голема гужва

Фудбалерите на дански Копенхаген направија големо изненадување откако во пар минути му дадоа два гола на Селтик во Шкотска и со 1:3 се пласираа во следна фаза.

Копенхаген, не им фрлај бензин во оганот

Во продолжение од Лига Европа, а паралелно со излегувањето на Британија од Европскиот сојуз, луѓето од ФК Копенхаген спремија необично видео на темата (со келтска детелинка со сè) во пресрет на мечот со шкотски Селтик (четврток 18.55)

Шкотиве имаат брутален хумор

Откако на првиот натпревар во Шкотска извадија парола на која беше насликан основачот на фашизмот Бенито Мусолини како виси обесен (така е убиен од италијанските партизани во Милано), навивачите на Селтик и вечерва ја славеа победата над римски Лацио со блага доза на хумор.

Дебакл на ПСВ во Австрија, Лацио пред испаѓање

Фудбалерите на Селтик направија целосен пресврт и по триумфот во Глазгов, го победија Лацио и среде Рим, идентично со 2:1 после катастрофална грешка на Валон Бериша во 95-та минута од мечот. Севиља е во следна рунда, а голема неизвесност ќе има речиси во сите останати групи.

Рчка меѓу внуката на Мусолини и навивачите на Селтик

Близу педесетина навивачи на Лацио, минатиот четврток гостуваа во Глазгов, каде нивниот тим играше против Селтик во Лига Европа. Додека оделе кон стадионот, марширале со римско салутирање познато како фашистички поздрав.

Мамо ме виде ли мамо?

Од славјето на навивачите на Селтик кој го совлада Лацио со пресврт во 90-та минута. Сад га видиш, а сад га нема :).

Нацистички марш на навивачите на Лацио во Глазгов

Пред мечот со Селтик на „Хемпден Парк“, стотина најжестоки тифози на римски Лацио во кортео тргнале кон стадионот и вообичаено, со нацистички поздрав ја пееа “Ragazzi di Buda“ (песна за настаните во протестите во Будимпешта 1956 напишана од Италијанци во борбата против комунизмот).

Најболна навреда во историјата на шкотското дерби, навивач доживотно избркан

Фудбалерите на Селтик во неделата го победија најомразениот ривал Ренџерс на неговиот Ајброкс со 0:2 и со 12 бода се осамостоија на првото место.

Артур Боруч, голманот на Борнмут, водеше навивање против Ренџерс

Полскиот репрезентативен голман зад себе има богата кариера. Цели 5 години го чуваше голот на Селтик, потоа бранеше во Фиорентина, па во Саутемптон и сега е во премиерлигашот Борнмут.

Полиција му ги искрши слушалките на навивач на Селтик

Валенсија вечерва игра реванш против Селтик во Лига Европа, а шкотските навивачи вообичаено во голем број отпатувале да го бодрат својот клуб. Ама шпанската полиција им ја прекинала забавата. Синоќа биле уапсени шест Шкотланѓани поради нарушување јавен ред и мир.

Начинот на кој Ренџерс и Селтик го разбираат фер-плејот

Првпат после цели 13 натпревари Ренџерс успеа да го победи најголемиот и најомразен ривал Селтик со 1-0 со голот на Рајан Џек. Последна победа во првенството им беше во март 2012, а последен пат надвор од регуларните 90 минути, на пенали победија лани во 2016 во полуфиналето од купот на Шкотска. Сега имаат исто бодови на врвот но Селтик има меч помалку.

Тргна возот за Баку: Во Лига Европа паднаа Лацио - Севиља, Интер во Виена

Откако беше извлечена ждрепката за елитната Лига на шампиони, попладнево во Нион ги дознавме и паровите од 1/16 финалето на Лига Европа. Од нашите интернационалци, Стефан Ристовски ќе игра во пиринејскиот дуел со Виљареал, Елиф Елмас против Зенит, а Аријан Адеми против чешки претставник.

Човек кој посетил преку 500 стадиони, го одбра најдобриот

Навивач е на Милан и запознал стотици „браќа по трибина“ во светот. Минатиот викенд го гледал мечот Фрозиноне - Емполи на стадионот „Бенито Стрипе“ и така ги комплетирал сите стадиони од Серија А.

Сторија за легендарниот Марк Видука

На денешен ден пред 49 години во Мелбурн се родил Марк Видука, фудбалерот кој се прослави во Лидс Јунајтед.

Како Глазгов Ренџерс се врати од пеколот?

Спасот на Ренџерс не е чудо, туку пример за тоа како некои прави вредности во фудбалот на крајот победуваат. Шкотскиот клуб вечерва во првиот меч од плејофот за Лига Европа ќе игра против рускиот клуб УФА на својот „Ајброкс“ со цел да се врати во еврокуповите.

Олд скул фудбалот е жив

На мечот Хартс - Селтик, Одсон Едуар тргна по една топка во публиката, а таму едно дете нè врати во 90’ години на британскиот фудбал. Среќа не беше Кантона. Во друга случка на истиот натпревар Стив Нејсмит од Хартс намерно го згазна на незгодно место капитенот на Селтик Скот Браун.