Го нема Ибра, го има Хауге, норвешкиот бисер кој прави дар-мар
Јенс-Питер Хауге има 21 година. Во Милан дојде пред пар месеци кога со својот Молде одигра фантастичен меч и постигна еврогол во плејофот за Лига Европа. Малдини и управата буквално не го пуштиле малиот да си оди назад затоа што решиле преку ноќ да потпишат договор со него. И веќе им се исплати.
Милан прво со 1-3 го доби Селтик на гости, а вечерва на Сан Сиро Шкотите водеа 2-0 за да на крај росонерите слават 4-2. Хауге го постигна третиот гол за лидерот во Серија А:
А претходно пресвртот го најави Хакан Чаланоглу со супер слободен удар: