Ама малку фалеше натпреварот да отиде во друг правец, затоа што кога Данците го дале вториот гол за 1:2, центарфорот Микаел Сантош со сета сила во трк да прослави со навивачите, турнал еден полицаец кој без потреба ги спречувал да слават со своите навивачи.
Look at the absolute state of this policeman. Would he have tried to tackle Edouard to the ground if he scored a last minute winner and celebrated? pic.twitter.com/gaouDSAo64
— SPFL Pish (@stramashing) February 27, 2020
Шкотската полиција потврди дека покренале обвиненија против две лица (фудбалер и член на стручниот штаб на Копенхаген) поради физички напад на службено лице:
На Островот, особено во Глазгов, свесни какви последици може да има претерано славје на гостинските играчи и навивачи, и дека може да избијат нереди со домашните хулигани, полицијата често брзо ги враќа фудбалерите од секторот со нивни навивачи, за да не испровоцираат инциденти.
Исто е кога се играат и натпревари од домашните турнири и од еврокуповите.
Интересно, првиот меч Копенхаген - Селтик заврши 1:1, па шкотскиот шампион беше речиси сигурен дека ќе оди во следна фаза. Данците поведоа 0-1 во 51’ минута, а Селтик израмни од пенал во 83-та. Ама буквално после пар минути, во 85’ и 88’ Копенхаген со два гола го урна Селтик и се пласираше во 1/8 финале на Лига Европа.
Од данскиот првак изјавија дека фудбалерот Сантош се вратил со тимот назад во Копенхаген веднаш после мечот и дека немале никаков проблем.
28-годишниот фудбалер на Копенхаген Расмус Фалк изјавил:
„Бев таму на лице место, и помислив дека треба да реагирам. Но искрено мислам дека треба да се има поголемо разбирање за тоа. Немаше ништо насилно тука. Сакавме само да прославиме со оние кои дојдоа со нас и многу напорно работевме да направиме голем резултат овде. Мора да има малку поголем сенс дека сепак емоции од играта се во прашање. Секако, не треба да ескалира опасна ситуација, но мислам дека ништо страшно не се случи. Не знам како изгледаше од надвор, но во гужвата сите бевме екстремно среќни, навивачите беа екстремно среќни па ајде да прославиме“.