Таг: фк копенхаген

Белингем во 94-та му донесе триумф на Реал, Галатасарај едвај до бод

Реал Мадрид едвај ја оправда фаворитската улога во првото коло од ЛШ. Ги спаси Белингем, како многу пати до сега, кој на првите 6 меча е во фантастична низа од 6 гола и една асистенција. Галатасарај извади 2:2 со голови во 86-та и 88-ма минута.

Смешниот автогол со кој Ријека и Велковски влегоа во Лига Европа

Фудбалерите на хрватска Ријека направија големо изненадување откако синоќа на гости го совладаа Копенхаген со 0-1 и се пласираа во групната фаза од Лига Европа. Голот беше практично автогол на Анкерсен во 20’ минута. Многу смешен.

Како полиција на фудбал без потреба знае да направи голема гужва

Фудбалерите на дански Копенхаген направија големо изненадување откако во пар минути му дадоа два гола на Селтик во Шкотска и со 1:3 се пласираа во следна фаза.

Копенхаген, не им фрлај бензин во оганот

Во продолжение од Лига Европа, а паралелно со излегувањето на Британија од Европскиот сојуз, луѓето од ФК Копенхаген спремија необично видео на темата (со келтска детелинка со сè) во пресрет на мечот со шкотски Селтик (четврток 18.55)

Аферата со тешкиот преварант што ја збуни цела Данска

Данскиот фудбалски прволигаш Виборг се обратил во полиција, откако потпишале договор со 25-годишен Холанѓанец, кој никогаш претходно не играл фудбал и кој ги измамил. Целиот скандал го откриле два дански медиуми кои решиле сериозно да ја истражат целата позадина.

Најинтересниот меч во Лига Европа: Малме - Копенхаген преку фасцинантниот мост

Од 24 одиграни натпревари синоќа во ЛЕ, најинтересен беше мечот меѓу комшиите од Шведска и Данска. Копенхаген му гостуваше на Малме, а дистанцата меѓу овие два града е само 43 километри и тоа преку оној фамозен мост.

Неверојатна одбрана во данското првенство

Голманот на Оденсе, Стен Гритебуст на мечот со Копенхаген ја имаше можеби одбраната на сезоната.

Најјаката навивачка кореографија

Играа Копенхаген - Брондби на 4. мај 2014. Ова е најголемо градско дерби во Данскиот фудбал. Домашните навивачи на клубот кој летово загуби во Скопје од Вардар направија сензационална кореографија на која може да им завидат и во Кореја.

Во Скопје беа мирни како бубалчиња, а дома правеа хаос

Многу од нас креваа раменици кога видоа само 30-ина навивачи кои дојдоа во Скопје да го бодрат Копенхаген на мечот со Вардар. Пола од коментарите беа: „Аман бе, нели биле толку бројни и заебани овие а дошле 30 души“. Само неколку дена подоцна во градското дерби против Брондби рушеа сè пред себе и се тепаа со полицијата која што ја гаѓаа со тапанот.

Головите од мечот Копенхаген - Вардар

Бидејќи Тв Нова 45 минути ја чекавме да се вклучи во пренос, а за малерот да биде поголем некои се пожалија дека еден кабловски оператор имал технички проблеми, па не гледале ниту второ, бујрум сите 5 гола од синоќешниот квалификациски натпревар меѓу Копенхаген - Вардар (4:1), на кој македонскиот шампион не успеа да се избори за историја.

Ако го помине Копенхаген, Вардар ќе земе 6.180.000 евра

Црвено-црните вечерва играат за голем подвиг, за престиж, за европска есен, но и за многу пари кои би ги заработиле од бонусите на УЕФА.

Има ли Вардар предност во жешкото време?

Голем дел од јужна Европа во последните неколку недели се соочува со екстремни температури а во тоа се увери и делегацијата на фудбалскиот клуб Копенхаген веднаш по слетувањето во Скопје.

Што треба да знаеме за следниот противник на Вардар

А ќе го дознаеме некаде околу 21:15 вечерва кога би требало да заврши реваншот меѓу Копенхаген и Жилина. Словаците пред невозможна мисија, Данците поблизу до Вардар.