Во Скопје беа мирни како бубалчиња, а дома правеа хаос
Многу од нас креваа раменици кога видоа само 30-ина навивачи кои дојдоа во Скопје да го бодрат Копенхаген на мечот со Вардар. Пола од коментарите беа: „Аман бе, нели биле толку бројни и заебани овие а дошле 30 души“. Само неколку дена подоцна во градското дерби против Брондби рушеа сè пред себе и се тепаа со полицијата која што ја гаѓаа со тапанот.