Ама алкохолот бил синтетички. Ако сака и од осиромашен ураниум нека биде, само да не треба да се преживува уште еден мамурлак.
Алкохолот, кој се води како Алкарел, е создаден од професорот Дејвид Нат, кој беше главен советник за наркотици на британската влада се додека не го отпуштија затоа што изјави дека екстази и ЛСД се помалку опасни од алкохол.
Неговиот успех е во создавање на молекулата „алкосинт“ која го заменува алкохолот. Со помош на оваа молекула тој може да ги идентификува рецепторите во нашето тело кои предизвикуваат пијанство, но притоа да ги избегне рецепторите кои резултираат со штетни нус последици како мамурлак и многу тежок мамурлак.
Кога веќе е синтетички, алкохолот ќе дозволува и модификации на неговата силина, односно да избереш дали од него ќе сакаш да се чувствуваш пијан како од заседнување или фатен како од службен ручек.
Иако молекулата главно им е спремна, рокот од 5 години научниците си го имаат дадено за таа да ги собере сите можни одобренија.