Како во секој добар трик, и ова со шпиунирањето исклучен телефон се заснова на илузија. Илузија на сопственикот дека телефонот му е исклучен. Имено, ако службите во апаратот го внесат она што е потребно, софтверот дури ќе ви даде и лажен слајдер за исклучување, за комплетно да ви изгледа дека го контролирате апаратот.
Но, не е исклучен. Му работи модемот (baseband chip-от), со кој тој се поврзува на мрежата на мобилниот оператор, што му дозволува да прима команди, на пример, неосетно да го вклучи микрофонот.
Иако имаше обиди да се докаже дека овој трик е невозможен, Ајфон хакерите од групата Evad3rs, кои направија два џеилбрејка за претходните верзии на софтверот, велат дека тоа е сосема остварлива варијанта.
И сега?
Едно од решенијата е да го затворите телефонот во ладилник (или слично место). ОК, не така.
Друг начин е да го ставите во ДФУ (device firmware upgrade) мод, своевидна "панична состојба" во која му се допушта на телефонот да го реинсталира својот управувачки софтвер или да се опорави од повеќекратни системски кршења. Во ДФУ модот, сите елементи на телефонот се исклучни освен УСБ портот кој чека сигнал од АјТјунс да инсталира нов софтвер.
"Тогаш телефонот е како невино дете од градинка, не знае ни светилка да запали ни музика да пушти," објаснува Ерик Мекдоналд од Evad3rs.
Видео упаство како се прави ова тотално исклучување:
Кога вашиот телефон е во ДФУ мод, можете да бидете сигурни дека "службите" не можaт да дознаат што зборувате со вашиот соговорник.
Освен, ако тој не е еден од нивните кодоши.
Тину-нину....