Илон Маск им објави војна на соросоидите

Сопственикот на Твитер најави тужба против фондацијата на Сорос и невладини организации финансирани од неа заради обиди за гушење на слободата на говорот, која обично ја маскирааат како борба против говорот на омраза. Има и кај нас локални пандани, но, наместо да ги тужиме, ние решивме те да ги жалиме, те да им се смееме.

Сопственикот на Икс (екс Твитер) Илон Маск најави тужба против фондацијата „Отворено општество“ во сопственост на милијардерот Џорџ Сорос. Маск прозборе за ова кога новинарот Мајкл Шеленбергер забележа дека невладините организации финансирани од Сорос намерно шират лажни информации за зголемени „инциденти од омраза“ за да ги оправдаат нивните барања за построги ограничувања на слободното изразување.

„Политичари и невладините организации финансирани од Џорџ Сорос велат дека за зголемуваат „инцидентите од омраза“, но не е така. Толеранцијата кон малцинствата е повисока од кога било и натаму се зголемува. Причината поради која тие шират дезинформации за омразата е да ја оправдаат драконската акција против слободата на говорот“, напиша Шаленберг.

На тоа Маск реагираше со најава за тужба, велејќи дека се работи за многу важна тема.

Конкретен повод за разгорување на војната е извештајот на ирскиот новинар Бен Скалан за тоа како фондацијата на Џорџ Сорос ја подржува цензурата во Ирска и Шкотска, која вклучува претреси и проверки на телефоните и компјутерите на „осомничените “граѓани.

Скалан, исто така, напиша дека невладините организации спамираат со  жалби за говор на омраза без основа.

Такви кај нас се едни Квир (јадни и жални) кои нон-стоп штанцаат  тужби и поплаки против кого стигнат и притоа се очајно неписмени и преглупи.

Пред некое време поднесоа жалба за Офф.нет заради ПРЕНЕСЕНА КОЛУМНА (потпишана и линкувана до изворот) објавена на британски медиуми од автор кој е геј (!?).

Да.

Ова е колумната: За кого всушност е тоа Прајдот?

Во тужбата ќе наведат:

Значи, Квир нашле реченица која не им се бендисува (во колумна објавена во познати британски медиуми - Спектатор и Спајд - од автор кој е позната јавна личност; башка што е геј, негова работа), и офтиките тоа го поврзуваат со „говорот на омраза со тенденциозно создавање на предуслови....“

Во една друга тужба напоменале и дека сме објавиле фотографија од нивниот директор, ко дечкото да е од Tuxedomoon па грев е да го откриваме неговиот лик.

Онда, ај уште еднаш:

Нема правда, нема КВИР!

**********

Од Шаленберг види и:

Твитер на платен список на ФБИ

24 август 2023 - 16:46