Со идеја „да го раскринка Сорос во Македонија“, новинаров театрално упаѓа во Менада, доаѓа до полиците за книги и наидува на книгата на Сол Алински, своевремено ментор на Хилари Клинтон. А таму е и Ивана - студентка, партиски донатор, пратеничка - Туфегџиќ, да се објаснат.
Целата книга ја имате овде (.пдф, на аглиски).
Нема да ја обработуваме детално бидејќи ние сакаме и за други теми да пишуваме, со надеж дека некогаш ќе помине ова колективно бунило па човек ќе се заинтересира што тоа се случувало овде и на планетава а не било дел од Пржино 1, 2, 3, 4...
Накратко, 13-те правила за радикали на Алински:
1. „Моќта не е само она што го имаш, туку и она што непријателите мислат дека го имаш“.
Моќта има два главни извора - пари и луѓе. „Немашните“ (Have-Nots) мора да градат моќ преку крв и месо.
2. „Никогаш не излегувај надвор од експертизата на твоите луѓе“.
Ова резултира со збрка, страв и повлекување. Чувството на сигурност е потпора за сите.
3. „Секогаш кога е можно, излези надвор од експертизата на непријателот“.
Барај начини да ги зголемиш несигурноста, стравот и непредвидливоста.
4. „Натерај го непријателот да живее според неговиот список правила“.
Ако правилото е дека секое писмо мора да добие одговор, испрати 30.000 писма. Можеш да ги потепаш со ова затоа што никој не може да ги следи буквално сите сопствени правила.
6. „Исмевањето е најсилното човечко оружје“.
Нема одбрана. Ирационално е. Поттикнува гнев. Функционира и како клучен елемент за присилување непријателот да направи отстапки.
6. „Добра тактика е онаа во која твоите луѓе уживаат“.
Ќе ја спроведуваат без да бидат терани на тоа, и ќе бидат истрајни. Ќе ја сметаат за нивна работа, па дури и ќе предложат подобри опции.
7. „Тактика која предолго се применува станува досадна“.
Немој да станеш стара вест.
8. Оддржувај го притисокот. Никогаш не попуштај.
Постојано пробувај нови нешта за да ѝ ја нарушуваш рамнотежата на другата страна. Кога таа ќе се навежба за еден пристап, удри ја по плексус со нешто сосема ново.
9. „Заканата често е многу пострашна отколку нејзината содржина“.
Фантазијата и егото може да замислат многу повеќе последици отколку кој и да е активист.
10. „Главната премиса за тактика е развој на операции кои ќе оддржуваат постојан притисок врз непријателот“.
Токму овој непрекинат притисок резултира со реакции од опозицијата која е суштинска за успехот на кампањата
11. „Ако доволно силно туркаш нешто негативно, тоа ќе се пробие и ќе стане позитивно“.
Насилството од другата страна може да ја преобрати јавноста во твоја полза, затоа што таа сочувствува со послабиот.
12. „Цената на успешен напад е конструктивна алтернатива“.
Никогаш не дозволувај непријателот да добие поени затоа што си фатен без да имаш решение за проблемот.
13. „Одбери цел, лоцирај ја, персонализирај ја и поларизирај ја“.
Пресечи ја мрежата на поддршка и изолирај ја твојата мета од какво и да е сочувство. Цели кон луѓе а не кон институции; луѓето се поранливи од институциите.
Инаку, поднасловот на книгата на Алински е:
„Прагматичен прирачник за реалистички радикали“