ФБИ му има платено на Твитер скоро 3,5 милиони долари од даночните обврзници за да ги забранува сметките главно поврзани со конзервативни гласови и да мониторира таканаречени операции на „странско влијание.“
Ова го објави Шаленбергер, објаснувајќи дека Одделот за безбедност, содржина и спроведување на законот (SCALE) на Твитер имал воспоставено „програма за надомест“, односно плаќање за сите оние часови работа кои веаботени на Твитер ги посветувале на исполнување на барањата на ФБИ.
Извештаите на Шеленбергер и колегите независни новинари Мет Таиби и Бари Вајс, открија екстензивна соработка и преклопување на вработените помеѓу Твитер и Бирото кое ја третирало компанијата клако своја „подружница“, постојано трупајќи ги со поплаки за наводни „дезинформации“.
ФБИ и директорите во Твитер комуницирале не само преку меил туку и преку специјално направени некриптирани портали а бирото речиси секојдневно праќале списоци на акаунти кои трба да се проверат дали ги кршат правилата.
„Упорно и упорно, ФБИ барало од Твитер докази за странско влијание а Твитер одговарал дека не наоѓаат ништо вредно за известување“, пишува Шеленбергер.
**********
Види и:
Маск и Таиби го откриваат валканите тајни на Твитер
Твитер ќе забранува линкови од Фејсбук, либтардите се освестија за цензура