Лепа на Светозар Радиќ (19 декември 1925 - 8 февруари 1943 година) е југословенска партизанка од Втората светска војна која постхумно добива орден за народен херој за нејзиното учество во отпорот против Тројната оска со што станува најмлад носител на тоа највисоко признание во некогашна Југославија.
Родена е во село близу Босанска Градишка. Завршува основно обрзование и средна женска гимназија во текот на што покажува трудољубивост, зрелост и афинитет за читање напредна литература. Нејзините погледи се формирале под влијание на вујко ѝ кој бил активен во работничкото движење.
Бива примена во Комунистичката партија на Југославија на 15 годишна возраст. Во ноември, со семејството е уапсена од усташите но со помош на партизаните, таа и сестра ѝ успеваат да избегаат од затвор по што му се придружува на краишкиот одред на седмата партизанска дивизија.
Во февруари 1943 година учестввува во пренесувањето ранети од битката на Неретва во засолништа во Грмеч а за време на битката со една СС дивизија, бива заробена и по неколку дена мачење и одбивање да соработува, осудена е на смртна казна.
Запишано е дека со бесилка на врат има извикано:
„Да живеат партизаните и комунистичката партија! Борете се луѓе за својата слобода! Не им се предавајте на злосторниците! Јас ќе бидам убиена но има кој да дојде и да ме одмазди!“
Во последните моменти од животот, Германците ѝ нудат да ѝ го поштедат животот ако ги открие лидерите во нејзиното движење но таа го одбива тоа со зборовите:
„Јас не сум предавник на моите луѓе. Тие кои сакате да ги дознаете сами ќе ви се откријат кога ќе дојдат да ги истребат злосторниците, до последниот човек“.