Еве извадоци од писмата кои ги зазеле првите десет места, како поттик и вие да напишете едно, макар и електронско. Ќе забележите, изразот којшто се повторува во повеќето од нив е „не можам“ (да доловам, да опишам) - тоа ни го прави љубовта, ги одврзува страстите, а ни го врзува јазикот.
Џони Кеш за среќен 65ти роденден на неговата жена Џун Картер Кеш (1994)
„Среќен роденден, принцезо,
Старееме и си се навикнуваме еден на друг. Размислуваме исто. Си ги читаме мислите. Знаеме што сака другиот без да прашаме. Понекогаш малку и си се нервираме. Можеби се земаме и здраво за готово. Но понекогаш, како денес, размислувам во врска со тоа, и сфаќам колку сум среќен што го споделувам животот со најпрекрасната жена којашто ја знам".
Винстон Черчил до неговата жена Клементина (1935)
„Моја драга Клеми, во твоето писмо од Мадрас ми напиша многу мили зборови, дека сум ти го збогатил животот. Не можам да ги го доловам задоволството коешто ми го причини, затоа што секогаш се чувствувам дека сум ти должник, ако воопшто може во љубовта да се прават некакви сметки".
Поетот Џон Китс до неговата сосетка Фани Броун, дека не може да живее без неа (1819)
„Не можам да постојам без тебе - заборавам на сè освен на мојата желба повторно да те видам - мојот Живот изгледа дека запира тука, не гледам понатаму. Ме имаш целосно апсорбирано."
Ернест Хемингвеј ѝ изразува љубов на Марлен Дитрих
„Не можам да ти опишам како, секојпат кога ќе те прегрнам, се чувствувам како да сум дома"
Наполеон Бонапарта до Жозефина (1796)
„Откако те напуштив, постојано сум во депресија. Мојата среќа е во тоа да сум ти блиску. Постојано одново ги преживувам во моите спомени твоите прегратки, твоите солзи, твојата приврзана осаменост. Шармот на неспоредливата Жозефина одржува постојан пламен во моето срце"
Ричард Бартон за убавината на Елизабет Тејлор (1964)
„Моите слепи очи очајно чекаат да те видат. Ти секако не го сфаќаш тоа, колку фасцинантно убава си била отсекогаш, и како чудно на тоа имаш додадено и посебна и опасна прекрасност"
Кралот Хенри 8 ја искажува својата љубов за Ан Болејн (1527)
„Ве преколнувам веднаш да ја искажете вашата намера во врска со нашата љубов. Нужноста ме тера да го барам овој одговор, со оглед на тоа што веќе една година сум ранет од стрелата на љубовта, а се уште не сум сигурен дали ќе доживеам неуспех или ќе го најдам своето место во вашата љубов"
Бетовен до неговата „бесмртна сакана" чиј идентитет останува мистерија (1812)
„Иако се уште сум во кревет, моите мисли се со тебе, моја Бесмртна Сакана. О, продолжи да ме сакаш-никогаш не го суди погрешно верното срце на твојот сакан. Секогаш твој, секогаш моја. Секогаш наши".
Поранешниот претседател на САД, Џералд Форд ја потсетува неговата жена Бети Форд на неговата љубов кратко време откако ѝ бил дијагностициран рак на дојка (1974)
„Ниту еден напишан збор не може соодветно да ја изрази нашата длабока, длабока љубов. Ние знаеме колку си прекрасна и ние, децата и тато, ќе се обидеме да бидеме исто толку силни како и ти. Вербата во тебе и во Бога ќе нè одржи. Нашата целосна љубов кон тебе е вечна".
Џими Хендрикс до „неговото девојче" (непознат датум)
„Девојче...среќата е со тебе, отклучи ги оковите од твоето срце и дозволи си да пораснеш - како слаткото цвеќе, коешто си ти. Го знам одговорот - само рашири ги крилјата и ослободи се. Љубов засекогаш, Џими Хендрикс"