Маск и Таиби го откриваат валканите тајни на Твитер

„Ова ќе биде сјајно!“, твитна новиот сопственик на Твитер и почна да одбројува минути, но овојпат не за лансирање на нова ракета на СпејсИкс. Набрзо, преку Мат Таиби стана јасно за што се работи. За интерна документација и преписки меѓу највисоките кругови во Твитер за тоа како се гушеше „незгодната“ сторија за лаптопот на синот на Џо Бајден.

Маск му го доверил градивото за скандалот „Фајловите на Твитер“ на Мат Таиби, некогашно прво перо на Ролинг Стоун, сега многу читан на Сабстак и еден од најавторитетните борци против цензурата и корпоративното едноумие.

„Она што ќе го прочитате во неколку серии се темели на илјадници внатрешни документи, добиени од извори во Твитер. „Фајловите на Твитер“ се неверојатна инсајдерска сторија за една од највлијателните платформи на светот, Франкенштајновска приказна за еден човечки создаден механизам кој се отргнал од контрола на неговиот дизајнер“, пишува Таиби во првата нишка.

За основната приказна, треба да се вратиме пар години назад, во финалните денови на претседателскиот дуел меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден.

Њујорк пост дојде во посед на содржината на лаптопот на Хантер Бајден (идиот го заборавил на мајстор) која сведочеше за хаотичниот приватен живот на размазеното синче и неговите сомнителни бизниси во Украина и други места...

ЊЈП Ја напишаа сторијата, ја споделија на Твитер и највисокото началство на Твитер реши - да ја угуши. Не само што сметката на Њујорк пост беше блокирана туку корисниците на Твитер не можеа да го споделуваат линкот ни во приватни пораки; тоа е алатка која Твитер одамна ја поседува но била користена само во екстремни случаи како што е споделување детска порнографија. 

„Некои од првите алатки за модерирање на содржината беа дизајнирани против спамовите и финансиските измамници. Но, со текот на времето, персоналот и директорите на Твитер почнаа да наоѓаат сè поширока употреба на овие алатки. Отстрана, манипулацијата стана јасна: прво малку, потоа почесто, па на крај постојано“, напиша Таиби.

Бришење на твитови станала рутинска пракса. Еден директор на друг ќе му пишел, овие твитови се спорни според тимот на Бајден, а другиов, по некое време, ќе му пишел „Средено.“

Во преписките околу гушење на приказната на Њујорк пост учествувале највисоки извршни лица во Твитер, но, колку што досега е познато, без знаење на извршниот директор, Џек Дорси. Ретки биле оние директори кои биле загрижени за ваквото цензурирање и реакциите на јавноста но нивните забелешки не биле доживувани сериозно.

Маск и Таиби најавуваат нови продолженија на аферата „Фајловите на Твитер“.

********

Види и:

Најголемата дезинформација од претседателските избори во САД излезе точна

По две години игнорирање, Си-би-ес ја потврди сторијата за лаптопот на Хантер Бајден

Фејсбук и Твитер цензурираа текст на Њујорк Пост против Бајден

Фејсбук и Твитер се пример дека полош од државен монопол е само приватен монопол

 

 

3 декември 2022 - 12:31