Најголемата дезинформација од претседателските избори во САД излезе точна

Ај што Њујорк пост беше на чекор од линчување и комплетно да го снема, туку и во одлука без преседан најголемите социјални мрежи еднострано решија дека ќе блокираат содржина на еден од најголемите американски медиуми заради една единствена вест. Сега Њујорк тајмс го потврди постоењето на лаптопот на Хантер Бајден.

Објавувајќи опсежна репортажа за федералната даночна истрага против Хантер Бајден, Њујорк тајмс го потврди постоењето на лаптоп на Хантер. Според Тајмс како дел од истрагата федералните власти ги прочешлувале мејловите меѓу првиот син на САД и неговите поранешни соработници кои биле откриени во лаптопот.

Овој лаптоп беше ексклузивната информација во веста што Пост ја објавува на неколку денови пред претседателските избори во САД. Тогаш веста беше дека Хантер го оставил лаптопот на поправка во сервис во Делавер и го заборавил таму, по што неговата содржина некако стига до Пост.

Весникот тврдеше дека во лаптопот има огромен број мејлови, пораки, фотографии и финансиски документи меѓу Хантер Бајден, неговото семејство и бизнис соработници, „во кои се наведува како синот на претседателот ја користел својата политичка тежина во бизнис зделките во странство.“

Причината за масовниот напад од социјалните мрежи, медиумите и Демократите против Пост во октомври 2020 беше што:

„Голем број од мејловите до и од Хантер Бајден го вплеткуваат Џо Бајден во меѓународното продавање влијание од компании управувани од Хантер и братот на Џо, Џим Бајден.

Ако цела држава тогаш знаеше дека Џо Бајден корумпирано ја користи својата функција за да му помогне на своето семејство да направи пари, тогаш ние сега ќе бевме во втората година од вториот мандат на Доналд Трамп. Ова е факт затоа што на анкетите 8% од гласачите на Бајден изјавија дека би го поддржале Трамп кога би занеле дека содржината на лаптопот.

Меѓутоа Тајмс, Фејсбук, Твитер, Си-ен-ен и длабоката држава не дозволија тоа да се случи. Тие потрошија четири години обидувајќи се да го сменат Трамп, главно лажно тврдејќи дека тој соработувал со Русија за да ја украде победата во 2016. Тие беа решени дека нема да дозволат уште четири години.

Па како последица на нивните лажни вести за Трамп, кога ги имаа вистинските вести за корупцијата на семејството Бајден, наместо да известуваат за тоа и да дозволат корисниците да ги споделат на социјалните мрежи, тие направија заговор да ги закопаат,“ пишува Мајкл Гудвин во текстот на Њујорк пост.


Трамп во 2020 за сторијата со лаптопот:


Портпаролката на Бајден на истата тема:

18 март 2022 - 12:53