Таг: Џо Бајден

Бајден потпиша помилување за син му

На неколку недели пред крајот на мандатот, американскиот претседател Џо Бајден потпиша сеопфатно помилување за син му Хантер Бајден. До сега Бајден држеше на ставот дека нема никако да се меша во правните проблеми на Хантер.

Камала во сите држави била бетер од Бајден во 2020

Во ниту една сојузна држава Камала Харис не успеала да собере повеќе гласови отколку нејзиниот шеф во 2020. На локално ниво има по некоја област во која го претркала, меѓутоа на сојузно се 50 спрема 0.

Тивкиот крај на претседателството

Посетата на поплавениот југ на САД што Бајден ја имаше минатата недела е настан кој станува се поредок за американскиот претседател: појавување во јавност.

Бајден и официјално стана дедо за мајтап

Кога не е на плажа, Бајден во јавност главно добива лесни задачи, пример, оди види се со ветерани пожарникари во Пенсилванија. Од настан од кој речиси секогаш се излегува со позитивни поени и фотографии во јавност, Бајден овој пат излезе со сеир и со слика со капа Трамп 2024.

Бајден во последни 4 години има одморено за 48 години

Откако ја предаде претседателска номинација на Камала, снимките и фотографиите од Бајден главно се како одмара на лежалка на плажа. Излезе дека и добар дел од мандатот така му минал.

Kако што се откажа од кандидатурата, така Бајден да даде и оставка

Ако Џо Бајден не се чувствува доволно кадарен да ја продолжи трката за претседател на САД, тогаш тој не е ништо покадарен ни да го заврши мандатот за претседател и затоа треба да си даде оставка, бараат високи републикански функционери.

Како да се одизбере претседател

Бајден успеа брзо и одлучно да го одбие првиот посериозен јавен напад од демократите да се откаже од претседателската кандидатура. Како што тој не се откажува, така од намерата да го сменат не се откажуваат ни високи функционери од времето на Обама и Клинтон.

Џорџ Клуни го пушти Бајден низ вода

Пред само неколку недели, Бајден не присуствуваше на мировниот самит за Украина во Швајцарија за да биде на вечера за собирање пари за кампања на која еден од организаторите и главните гости беше Џорџ Клуни.

Упатствата на Бајден

За настаните на кои присуствува Бајден неговите соработници му подготвуваат краток документ со испечатени големи букви и фотографии кои ја вклучуваат точната патека до и од подиумот, пишува Аксиос.

На демократите мил им е Бајден, ама помил им е мандатот

Десетици конгресмени од демократите размислуваат да потпишат писмо во кое ќе побараат повлекување на Бајден од трката од страв дека заради него ќе ја изгубат контролата врз Конгресот.

Камала?

Доколку американскиот претседател предвремено ја заврши изборната трка, неговата потпретседателка би била јасен фаворит за Демократската партија и покрај нејзините политички слабости, пишува Вол стрит журнал.

За да и служи на својата земја, претседателот Бајден треба да се повлече од изборите

Претседателот Бајден во повеќе наврати и точно го опиша влогот на годинешните претседателски избори како ништо помалку од иднината на американската демократија, се наведува во едиторијалот на Њујорк тајмс.

Зошто Нетанјаху не го ферма Бајден?

Пред неколку месеци изгледаше дека на Бајден му е смачено што Нетанјаху ги игнорира неговите повици да се воздржи во Газа, па конечно почна строго да разговара со него. Во март Бајден беше запрашан дали неговиот апел Израел да не изврши инвазија на Рафа е црвена линија, односно дали тоа би довело до сериозни последици. Одговорот на Бајден беше „тоа е црвена линија, но јас никогаш нема да го напуштам Израел.“

Бајден и Зеленски потпишаа 10-годишен договор за одбрана

Следните десет години САД со договор ќе биде обврзан да ја помага одбраната на Украина, а во меѓувреме да помага и за нејзино приближување кон НАТО.

Гласачите бараат допинг тест за Бајден и Трамп пред дебатите

Значителен дел од анкетираните американски гласачи сметаат дека и двајцата кандидати треба да направат тест за користење на најразлични дозволени и недозволени супстанци пред дебатите на 27 јуни и 10 септември.

И зад затворени врати, на Бајден не му е добро

Кога Бајден во јануари има средба со лидерите на Конгресот околу помош за Украина, тој на моменти толку тивко зборува што не сите успеваат да го чујат, а во исто време чита од белешките за да направи некои очигледни поенти, паузирајќи на подолг период со затворени очи што дел од присутните се сомневаат дека тој да не заспал, пишува Вол стрит журнал.

Сè што Украинците треба да знаат за приоритетите на Бајден

Ако молневитата реакција за интервентно снабдување на Израел со најново оружје и муниција не беше доволна за Америка да покаже како може кога сака, сега Украинците треба да разберат дека за Бајден е поважно да се види со Џорџ Клуни отколку да присуствува на мировниот самит за Украина.

Бајден ќе вработува менаџер за мемиња

Ненамерно потврдувајќи го мемето „левицата не знае да прави мемиња“, кампањата за реизбор на американскиот претседател Џо Бајден отвори работна позиција менаџер за мемиња со плата од 85.000 долари.

Дали Џо Бајден воопшто е свесен за катастрофалната штета што ја направи?

Џо Бајден е најлошиот американски претседател од Џими Картер до денес. Бајден специјализираше на предавање на пријателите на Америка и наградување на нејзините непријатели, во понижување на Западот и охрабрување на автократиите на Глобалниот југ, пишува Алистер Хит во текстот за британски Телеграф.

За Велигденот што стана Ден на трансродова видливост

Откако во неделата католиците беа згрозени што денот на најважниот верски празник во годината американскиот претседател го посвети на „трансродовата видливост“, Бајден изјави дека не бил тој.

Зеленска и Навалнаја не сакаат да седат една до друга

Првата дама на Украина, Олена Зеленска ја одбила поканата за присуство на говорот на Бајден пред американскиот Конгрес откако се дознало дека на истиот настан е поканета и Јулија Навалнаја.

Хилари побара да не се запиња за годините на Бајден

Луѓето треба да ја „прифатат реалноста“ дека Бајден е стар човек, и да го надминат тоа и да се фокусираат на поразување на Трамп, е пораката на Хилари Клинтон до сонародниците.

Можно е да ги сменат двајцата пред избори?

И покрај одредени обиди, Американците за избори најверојатно ќе останат заглавени со Трамп и Бајден како кандидати. Тоа не значи дека и двете страни не може да се надеваат на чудо кое ќе ги спаси од сопствениот или туѓиот кандидат.