Вашингтон пост пишува дека Бајден периодов на повеќемина им се доверил дека и покрај сите проблеми со кои се соочи неговата кампања, лоша дебата, слаби анкети и издишани донации, тој сепак би можел да го порази Трамп на ноемвриските избори.
Дури и самото откажување, кое следуваше по огромни притисоци од самите демократи и некои од највидните членови на партијата, се случи премногу доцна и и остави на Камала само три месеци за да ја истера својата кампања против Трамп.
Освен незадоволството во однос на повлекувањето Бајден признал дека неговите советници направиле и други грешки како именувањето на Мерик Гарланд за главен обвинител.
Според Бајден, Гарланд премногу бавно го спровел обвинението против Трамп за 6 јануари, наспроти брзината и агресивноста со која се водела истрагата и обвинението против Хантер.