Дозволете да ви објасни претседателскиот кандидат зошто не може државна институција во Македонија да биде викана македонска.
За да се извадело етничкото од државното. Со други зборови, во иднина во оваа држава ќе може да има државно субвенциониран Албански театар, Турски театар, Српски Театар, Ромски театар, Јапонски театар (бидејќи тие придавки со договорот со Грција не се забранети), ама затоа нема да може да има - на ист начин субвенциониран - Македонски театар. Бидејќи така би го кршеле договорот.
Како не ви е јасно?
Пендаровски великодушно ни ја остава можноста приватно како сакаме да си викаме. А оној „кој ќе избоксува зачувување на придавката македонско“, тој ќе го частел пијачка. Пијачка бе?!