Четири лекции за успешен деловен човек

ПРВА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА

Само што со туширање завршила жената а мажот влегол во купатило, некој затропал на врата. По кратко натегање кој да отвори врата, жената попуштила, набрзина се завиткала во пешкир и отворила. Таму Перо, нивниот прв комшија.
- Комшике, ќе ти дадам 800 евра ако го симнеш тој пешкир.

Кратко размислувала, го разврзала пешкирот и застанала гола пред Перо. Перо и дал 800 евра и заминал. Збунета но и среќна заради приликата лесно да заработи толкави пари, жената се прибрала пак во пешкирот и се вратила назад.

- Кој беше? - Перо.

- Супер, ти спомна ли нешто за 800-те евра што ми ги должи?

НАРАВОУЧЕНИЕ: Доколку важните информации за позајмиците ги поделите со своите акционери, можете да спречите евентуални штети.
 

******************************

ВТОРА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА

Додека се возел со својот автомобил, свештеникот здогледал калуѓерка покрај патот. Застанал, и понудил превоз, таа прифатила. Седнала покрај него и ги прекрстила нозете откривајќи ги своите прекрасни колена. По некое време, ја спуштил својата рака на нејзините нозе. Та го погледнала и му рекла:

- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?

Свештеникот длабоко се извинил, ја повлекол раката, но, по некое време, повторно му отишла раката накај калуѓерката.

- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?

Тој уште еднаш се засрамил:

- Проштевај сестро, телото е грешно.

Калуѓерката стигнала до манастирот а свештеникот продолжил до својата црква. Влегол и веднаш ја побарал Библијата за да се потсети на 129-от псалм. Тој гласи:

- Оди напред и барај, продолжи и ќе го спознаеш врвот на задоволството.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако не си доволно информиран за работата со која се занимаваш, можеш да пропуштиш сјаjни прилики.
 

********************************

ТРЕТА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА

Продавач, службеничка и нивниот директор отишле на ручек и на масата во ресторанот виделе стара лампа. Ја протриле и од неа излегол духот:

- Обично исполнувам три желби а бидејќи вие сте тројца на сите ќе им исполнам по една.

- Јас сум прва! - извикала службеничката. - Сакам да сум на Карибите, да возам глисер и да имам куќа покрај море.

Пуф, веднаш исчезнала.

Гледајќи во чудо што се случило, изрипал продавачот.

- Јас сум сега! Јас сум сега!!! Сакам да сум на Тахити, да лежам на плажа со мојата лична масерка и да пијам коктели!

Пуф, веднаш исчезнал.

- Ти си на ред, му рекол духот на директорот.

- Сакам откако ќе завршам со ручекот, овие двајца да ги видам вратени во канцеларија.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Секогаш пуштете го шефот да зборува прв.
 

**********************************

ЧЕТВРТА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА

Oрелот по цел ден седел на гранка и не правел ама баш ништо. Го видел тоа зајакот и го прашал:

-Може ли и јас да седам така како тебе и цел ден ништо да не работам?

Орелот одговорил:

- Може, зошто да не?

И зајакот седнал на земја под орелот и почнал да дреме. Ненадејно се појавила лисицата, скокнала на зајакот и го изела.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако сакаш да не работиш ништо, мора да седиш многу, многу високо.
 

 

5 април 2017 - 10:42