Дали Џо Бајден воопшто е свесен за катастрофалната штета што ја направи?

Џо Бајден е најлошиот американски претседател од Џими Картер до денес. Бајден специјализираше на предавање на пријателите на Америка и наградување на нејзините непријатели, во понижување на Западот и охрабрување на автократиите на Глобалниот југ, пишува Алистер Хит во текстот за британски Телеграф.

Неговата скриена ароганција беше засилена од неговата влошена физичка и ментална состојба. Тој делува како некадарен империјален господар со проблеми со најкратка меморија, кој постојано се меша во сите работи. Тој испраќа мешани сигнали, им се умилкува на најразлични насилници, безмилосно ги малтретира сојузниците, микроменаџира комплексни конфликти од далечина и позиција на игнорантност, и неизбежно ги разлутува и двете страни во секоја расправија. Под негово раководство, врховната светска економска, технолошка и воена моќ покажува слабост, сомневање во самата себе и морална несигурност.

Ши Џинпинг и Владимир Путин треба да имаат малку што да слават, а сепак неделава одржаа вознемирувачки триумфалистички самит, охрабрени од плашливоста на Бајден од анти-западните сили дома и во странство, и неговите стратешки и тактички гафови. Оската Кина-Русија-Иран-Северна Кореја, повторно маршира. Американската репутација во земјите во развој е на најниска точка од 1970: надвор од Западот, силата, отпорноста и одлучноста се важни, а никој не почитува кукавичлук и колебливост.

Бајден ја измами Британија околу Брегзит, заземајќи ја страната на ЕУ и Ирска, покажувајќи презир кон наводните „специјални односи“. Тој помогна одново да се воспостави талибанскиот режим во Авганистан. Неговото катастрофално повлекување од Авганистан сигурно го охрабри Путин да започне инвазија на Украина, како и апсурдните тврдења на Бајден дека за „мал упад“ нема потреба од помоќен одговор.

Тој постојано на јуначките Украинци им дава доволно колку да се одбранат себе си, но не и да победат. Голем дел републиканци гнасно се однесуваа, меѓутоа проблемот сега е и кај двете партии: дури и ре-избран Бајден нема шанси да ја финансира Украина со по 60 милијарди долари годишно во вечна војна. Киев веќе е пуштен по вода. Последниот пакет веројатно беше последната голема интервенција на Бајден: откако му даде на Зеленски лажна надеж, тој постепено ќе прифати договорена спогодба која во основа ќе значи победа за оската на злото.

Предавството на Израел од страна на Бајден е уште повеќе незамисливо: тој истовремено помогна на досега невидени начини со дарување оружје и директна заштита, додека истовремено го обвинува, обидувајќи се да го контролира и во крајна линија да ги саботира неговите воени напори. Во зачудувачки краткорочни потези направени за задоволување на неговата разбудена база, Бајден поверува на токсичната левичарска догма која ги криминализира сите војни (иако само кога се водени од демократии), дури и оние кои се во самоодбрана. Тој постојано го поставува прашањето дали Израел ги прекршил човековите права, иако неговиот однос на убиени цивили во споредба со милитанти е супериорен во споредба со што било некогаш постигнато од Америка.

Американскиот претседател му предаде милијарди на Иран, финансиер на глобалниот тероризам и снабдувач на оружје на Путин, и не успеа адекватно да спроведе санкции. Тој го награди Катар за тоа што продолжува да го помага Хамас. Тој погрешно се справи со Саудиска Арабија, предизвикувајќи пукнатини во анти-иранската коалиција. Тој го толерира предавството од Реџеп Ердоган, дури и кога турскиот демагог ќе објави дека припадници на Хамас се третирани во негови болници, исмејувајќи го единството на НАТО.

1.000 американски војници во Нигер ќе бидат избркани, засилувајќи го влијанието на Русија во Западна Африка и закопувајќи ги американските анти-терористички иницијативи во Сахел регионот. Неврзаните играчи, како Емиратите, стекнуваат моќ во Африка додека влијанието на Вашингтон тоне. Единствениот вистински интерес на Бајден изгледа е спречување на Кина во однос на Тајван, но зошто некој би верувал дека Америка ќе остане истрајна за тоа имајќи ги предвид досегашните одлуки? Како Ши сериозно да го сфати Бајден?

Тоа што најмногу фрустрира е дека Русија и Кина моментално треба да се сред егзистенцијална криза, а некој имагинарен регановски американски претседател ќе биде на еден чекор од метафоричко скратување на нивните маки.

И покрај целиот напредок во ВИ и електрични возила, кинеската економија е ослабена од нејзината централно управувана алокација на кредити, бескрајниот балон на недвижности, суровоста на ковид карантините, потиснувањето на независно претприемништво и демографската имплозија. Повеќе не е сигурно дека нејзината економија ќе ја надмине американската.

Хавиер Милеи, супериорниот аргентински претседател, излезе од кинеската орбита, задавајќи удар на Појас и пат инцијативата на Пекинг. Русија е во терминален пад, откако преживеа застрашувачки економски и човечки удар од одвратната инвазија на Украина. Сепак и двете автократии успеаа да искористат најмногу што можат од штетната администрација на Бајден.

Путин се претвори себе си во кинески вазал, продавајќи енергија и стоки по багателна цена во замена за потрошувачки производи, електроника и специјализирани компоненти за војната. Кинеско-руската трговија минатата година порасна за 26%, кинеските компании го освоија најголемиот дел од рускиот автомобилски пазар а делови од руската економија стануваат зависни од јуанот.

Кинезите го одложија Сибир 2, предложениот огромен гасовод, за да ја присилат Русија дополнително да ги намали цените. Меѓутоа иако доаѓа по висока цена, Путин е спасен од неговата нерамноправна врска со Ши, а Кинезите ја засилија својата геополитичка империја и нивниот алтернативен финансиски систем. Нивниот самит доведе до уште поголема соработка, делумно за да се заобиколат американските санкции на кинеските банки (со што се отежнува трговијата со Русија) и на извозот на електрични возила.

И двете автократии сигурно се смеат за тоа како анти-израелската пропаганда од советско време, стана меинстрим 50 години подоцна, и како нео-комунистичката западна младина со испрани мозоци го мрази системот кој ги направи тие да бидат најпривилегирани во човековата историја, и како имиграцијата е толку лошо менаџирана од Европа.

Тие исто така ќе наздравуваат и за нашата неспособност сериозно да ја сфатиме војната. Назначувањето на економистот Андреј Белоусов, за министер за одбрана потврдува дека приоритетите на Путин се во над-произведување на оружје за поразување на бескорисниот Запад. Американските и европски залихи се намалуваат, а сепак нема никакво чувство за итност, никакво вистинско повторно вооружување.

Оската на злото исто така го засилува и своето шпионирање и тероризам. Иранските агенти се насекаде низ западот. Вагнер групата е обвинета за предизвикување на пожари во Лондон. Во Кина имаше повеќекратни апсење за шпионирање. Британија мора да биде посериозна, меѓутоа Путин и Ши очигледно се охрабрени од слабоста на Бајден. Неговото претседателствување беше катастрофа за слободниот свет.

Алистер Хит,
Телеграф

20 мај 2024 - 12:44