Таг: русија украина војна

Дали Украинците се спремни да се откажат од територија за мир?

Доколку Украина ја заврши војната во 2025 тоа најверојатно ќе го направи по цена на жртвување на дел од територијата која изминативе години не можеше да ја ослободи од руската војска. Надежта на Украинците е дека за возврат би добиле „помала, но посреќна и побезбедна Украина.“

Украина може да очекува лавина од воена помош од Бајден пред одење

Белата куќа составила стратегија за засилување на Украина која треба да биде испорачана пред доаѓањето на Трамп на власт. Таа вклучува 20 милијарди долари во заеми и дополнителни сеопфатни санкции против Русија.

Украина го имаше најлошиот месец во последниве две години

Само во ноември Украина изгуби повеќе територија отколку територијата на цел Њујорк (градот), што претставува најголема загуба на територија од септември 2022, кога ја организираше својата најуспешна контра-офанзива.

Зеленски почна друго да зборува

Промената на тонот од украинскиот претседател почна да станува забележлив по американските избори и сега тој изгледа подготвен да се спогоди и за помалку отколку претходно, пишува британски Телеграф.

Украина полека почна да се откажува од територијата

Како што Трамп остана на својот став за најитно примирје во Украина по неговото влегување во Белата куќа, така Киев почна да ја приоретизира идната безбедност на земјата, на сметка на враќање на територијата.

Советскиот Т-72 е најдобриот тенк и Украина го знае тоа

Прв пат произведен во 1973, 50 години подоцна советскиот Т-72 останува севкупно подобар и поцелосен тенк од сè друго што која било страна во војната во Украина ќе го извади на бојното поле.

На Русија ѝ тргна во Украина

Откако речиси две години на фронтот двете страни главно напредуваат во педи, во октомври годинава Русија освојува најголема територија уште од летото 2022, откако украинските линии почнуваат да пукаат под константниот притисок, пишува Њујорк тајмс.

И Украина сака Америка да ја сака како Израел

Неделава САД распоредија напреден ПВО систем и своја војска во Израел за заштита од иранските балистички ракети. Ова е нешто што Украина веќе втора година упорно го бара од САД и упорно не го добива.

Путин објави нуклеарно предупредување до Западот

Русија би можела да возврати со нуклеарно оружје доколку е нападната со конвенционални ракети, а секој напад на Русија поддржан од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад, е пораката од Путин до западните лидери.

Мирот бара ракетирање длабоко на руска територија

Планот што Зеленски има намера да им го претстави на сојузниците бара носење брзи одлуки од партнерите на Украина, поконкретно дозвола за стрелање длабоко на руска територија со западни проектили со голем домет.

Еден милион луѓе убиени и повредени во војната во Украина

Во време кога и Русија и Украина одбиваат да објават официјални бројки, а и на тие што ги објавуваат никој не им верува, Вол стрит журнал тврди дека вкупната бројка на загинати и повредени во војната ја достигнала границата од 1 милион.

Преговарајте со Москва за да ставите крај на војната во Украина и да спречите нуклеарно уништување

Њујорк тајмс во четвртокот објави дека администрацијата на Бајден размислува да и дозволи на Украина да ги користи НАТО проектилите со голем домет за гаѓање на мети длабоко на руска територија. Таквата одлука ќе го стави светот во поголем ризик од нуклеарен судар отколку Кубанската ракетна криза, пишуваат во заедничката колумна Роберт Кенеди помладиот и Доналд Трамп помладиот.

Зеленски бил наговаран да не го нападне Курск, ама не послушал

Дел од највисокото украинско воено раководство го преиспитувало планот за извршување на инвазија преку руската граница и освојување на руска територија, пренесува магазинот Политико.

Зеленски го отпушти генералот на украинската авијација заради соборениот Ф-16

Она што првично беше прв соборен Ф-16 од руската противвоздушна одбрана, излезе дека попрво е еден од првите Ф-16 соборени од американскиот ПВО систем Патриот, управуван од украински војници.

Лукашенко да го смени дилерот

Вечниот белоруски владетел, Александар Лукашенко, при цела свест и совест порача дека Украина ќе биде многу среќна ако Русија употреби таткички нуклеарни оружја како одговор на окупацијата на Курск.

Киев сака, Лондон сака, Вашингтон не дава

САД ја блокираат Украина во користењето на британските проектили со долг домет на руска територија, иако Британија пред некое време објави дека е подготвена да се согласи за истото.

Инвазијата на Русија е најризичниот потег на Зеленски

Во нешто што е најблиску што ќе го добиеме како перење на Западот од каква било поврзаност со украинската инвазија на Курск, британски Тајмс ја почнува анализата на украинската операција со пораката дека „таа целата е со отисоци од украинскиот претседател“.

Сè што треба да знаете за дронови во војна

Тоа што лета на снимката е руски хеликоптер МИ-28 со некоја проценета цена од околу 18 милиони долари. Тоа што го снима МИ-28 и за некој момент ќе го собори е некаков си дрон со вредност не поголема од неколку илјади долари.

Си-ен-ен му збори на Зеленски пред рака

Состојбата на фронтот, ситуацијата во САД и тонот со кој Зеленски минатата недела и се обраќа на нацијата, Си-ен-ен го толкува како сигнал дека украинскиот претседател за прв пат е подготвен да преговара со Москва.

Надежта на Украина се потпира на лажните ветувања на НАТО

Неодговорната политика на алијанската кон Украина продолжува, давајќи лажна надеж, и правејќи го мирот многу помалку веројатен а војната многу поопасна, пишува Политико.

Мир во Украина дур не е предоцна

Последниот руски воен напредок во Донецк ги засилува аргументите за преговарано решение за војната во Украина, стои во отвореното писмо од повеќе западни експерти и дипломати кое го објавува Фајненшл тајмс.

Сепак се егзекутираат руски воени затвореници

Њујорк тајмс пренесува сведоштво на германски медицинар што бил дел од доброволна единица во Украина предводена од Американци, кој раскажува за тоа како неговите соборци со куршум во торзо, а потоа и во глава, егзекутираат ранет руски војник кој ги моли за помош.

Кредиторите почнаа да ѕврцкаат во Киев

Некои од најголемите и највлијателни светски финансиери почнаа да вртат во Киев и да бараат Украина да почне да ги плаќа долговите што ги има кон нив по основа на обврзници.

Орбан во Москва

Неколку дена по посетата на Киев, унгарскиот претседател пристигна во Москва каде што треба да се сретне со Путин. Посетата на Русија се случи само 5 дена откако Унгарија го презема претседателството на Советот на ЕУ.