Мирот бара ракетирање длабоко на руска територија

Планот што Зеленски има намера да им го претстави на сојузниците бара носење брзи одлуки од партнерите на Украина, поконкретно дозвола за стрелање длабоко на руска територија со западни проектили со голем домет.

Зеленски ова го соопштува на заедничката прес-конференција што ја има со Урсула фон дер Лејен за време на нејзината посета на Киев. Според него клучните одлуки на кои се базира планот треба да бидат донесени меѓу октомври и декември годинава.

Во одделно интервју, Зеленски објаснува дека неговиот план вклучува удари длабоко на руска територија со западни проектили, но САД и Британија за сега не ги дозволуваат.

Неговата порака до американскиот претседател е дека дозволувајќи ги овие напади на Русија, тој, Бајден, „ќе заслужи место во историјата“.

„Бајден може да ја засили Украина и да донесе важна одлука за Украина да стане посилна и да ја заштити својата независност додека тој е американски претседател.

Мислам дека е ова е историска мисија,“ порачал Зеленски.

               

24 септември 2024 - 11:56