Таг: Володимир Зеленски

Мирот бара ракетирање длабоко на руска територија

Планот што Зеленски има намера да им го претстави на сојузниците бара носење брзи одлуки од партнерите на Украина, поконкретно дозвола за стрелање длабоко на руска територија со западни проектили со голем домет.

Зеленски бил наговаран да не го нападне Курск, ама не послушал

Дел од највисокото украинско воено раководство го преиспитувало планот за извршување на инвазија преку руската граница и освојување на руска територија, пренесува магазинот Политико.

Зеленски не е Черчил, а Украина е корумпирана

Поранешниот прв човек на кампањата за Брегзит, Доминик Камингс, порачал дека Западот згрешил (употребувајќи еден многу посочен збор) со тоа што решил да ја поддржи Украина.

Зеленски меѓу лошо и бетер

Со работите какви што на денешен ден се на фронтот во Украина и на дипломатскиот фронт низ светот, опциите на Зеленски се меѓу лошо и бетер, пишува Вашингтон пост.

На Западот не му легнаа бројките од Зеленски

На прес-конференција по повод 2-годишнината од војната, украинскиот претседател за втор пат од почетокот на судирот го сподели бројот на загинати украински војници, и за дел од западните медиуми бројката во најдобар случај е спорна.

Валери Залужни веќе не е командант на украинските вооружени сили

Украинскиот претседател го смени командантот на вооружените сили на Украина, генерал Валери Залужни. На позицијата на Залужни доаѓа досегашниот командант на украинските копнени сили, Олександар Сирски.

Зеленски ќе прави чистка

Запрашан дали има намера да го смени генералот Валериј Залужниј, украинскиот претседател одговара дека следуваат отпуштања на голем број највисоки украински функционери и дека се работи за „правец на раководење на државата“ а не само за смена на генерал.

Зеленски ја подвитка опашката

Украинскиот претседател се откажал од смената на генералот Валериј Залужниј, барем за сега, откако добил закана дека заедно со Залужниј ќе заминат и највисоките офицери на украинската армија.

Уморниот Зеленски

Гледајќи го изгледот на украинскиот претседател последниов период, колумнистот на британски Телеграф констатира дека „уморниот Зеленски изгледа премногу слаб за да може да постигне победа.“

Зеленски почнал да го заобиколува Залужниј во комуникацијата со команданти

Наместо директно комуницирање со командантот на воените сили на Украина, генерал Валериј Залужниј, Зеленски одржува паралелна комуникација со првите луѓе на некои од украинските родови, како пешадија и авијација, пренесува Киев индепендент.

Киев почна да го критикува Зеленски

Украинскиот претседател станува автократ кој ја претвора Украина во авторитарна држава ништо поразлична од Русија, е критиката за Зеленски која доаѓа од првиот човек на Киев, градоначалникот Виталиј Кличко.

Зеленски им порача на генералите да си гледаат војска, а не политика

Кој што сака може да прави, само прво треба да реши дали ќе биде генерал или политичар е поздравот од Зеленски за највисоките офицери на украинската војска

Зеленски веќе не е претседател... за руските медиуми

Кремљ им наложил на сите руски државни медиуми да престанат да го ословуваат Владимир Зеленски како „претседател“ на Украина, објавуваат руски опозициски медиуми.

Украина треба да влезе во НАТО за доброто на Русија

Како членка на НАТО Украина станува една од земјите во светот која не ги освојува своите соседи и на тој начин Русија и нејзината територија се безбедни од евентуална идна окупација од страна на Украина. Барем Зеленски така гледа на работите.

Кличко ја има сериозно спукано со Зеленски

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги обвини своите противници дека водат кампања за негово дискредитирање кое треба да заврши со оставка на функцијата.

Зеленски: Ако тргнеме сега ќе испогинат многу луѓе

Украинскиот претседател во разговор со Би-би-си објаснува дека имаат и доволно луѓе и доволно храброст да ја започнат очекуваната контраофанзива, ама сериозно им недостасува ветената помош од Западот која уште не е стигната во земјата.

Зеленски смета на тоа дека Путин ќе биде убиен од своите

Рускиот претседател на крај ќе биде елиминиран од луѓе од својот најтесен круг, верува неговиот колега од Украина, Владимир Зеленски.

На Бајден му дошло преку Зеленски

Бајден уште не довршил да му кажува на Зеленски дека му обезбедил уште 1 милијарда долари воена помош, кога украинскиот претседател почнал да ги рецитира сите ставки дополнителна помош што им биле потребни.

И Русија и Украина ја прославија победата над фашизмот

Сценографијата на двете прослави беше упадливо различна, ама крајната порака беше копи/пејст. Ветувањето и на Путин и на Зеленски е дека победиле тогаш, и дека ќе победат и сега, ко па да може да има некоја вистинска победа.

Кога глумецот Зеленски се уште не беше претседателот Зеленски

1 март 2014, Русија и Украина се уште се во првата војна, а Зеленски се уште е само актер. Пет години пред да стане претседател Зеленски ги повикува Јанукович и Путин да се вразумат и да ја решат ситуацијата без повеќе жртви. Во ова време се случуваат две работи: Русија почнува со анектирање на Крим, а Украина го укинува законот со кој рускиот јазик беше прифатен за регионален.

Зеленски лично побарал помилување на Абрамович од санкции

На списокот за „отстрел“ на американската влада од почеток бил еден од најпрепознатливите руски олигарси, Роман Абрамович, се додека Зеленски не му се јавил на Бајден тоа да се коригира, во име на мирот во Украина.

Зеленски нема да се појави во Кнесетот заради реновирање

Украинските власти преку дипломатски канали побарале од Израел да дозволи Зеленски да одржи видео говор пред сите пратеници на Кнесетот. Израел со задоволство го прифатил ова, само говорот да е на Зум и да не е пред сите.