Зеленски не е Черчил, а Украина е корумпирана

Поранешниот прв човек на кампањата за Брегзит, Доминик Камингс, порачал дека Западот згрешил (употребувајќи еден многу посочен збор) со тоа што решил да ја поддржи Украина.

Камингс, кој имаше отворена кавга и разделување со Борис Џонсон во 2020, е на ставот дека Западот „никогаш не требал да влезе во оваа глупа ситуација“ тврдејќи дека санкциите против Русија имаат многу поголемо влијание на европската политика отколку на Москва.

Тој бил и остро критичен кон Зеленски и споредбите на оваа војна со Втората светска војна.

„Ова не е реприза на 1940 а Зеленски да е некаков черчиловски јунак.

Целосната украинска корумпирана мафијашка држава во основа нè прелажа сите нас и сега како последица на тоа сите сме изебани. И во моментов нè ебат, така?“ изјавил Камингс.

Тој смета дека војната само ќе ја засили врската меѓу Русија и Кина, порачувајќи дека западните нации „ја турнале Русија во сојуз со најголемата светска производствена сила.“

Камингс одамна ја критикува поддршката за Украина, позиција која е остро спротивна со ставот на неговиот поранешен шеф, Борис Џонсон, кој пак е еден од најгласните поддржувачи на Зеленски.

За Камингс Западот не успеал да му испрати каква било јасна порака на Путин која би го спречила и разубедила да не изврши инвазија на друга држава.

„Која лекција го научивме? Лекцијата што го научивме е дека ние сме куп ебани кловнови. Војната му покажа на целиот свет какви кловнови сме,“ изјавил поранешниот советник.

14 мај 2024 - 12:29