„Паметни и книшки“ луѓе

Книжарниците се сè пораритетни храмови во кои влегуваат посветените. Но, како и во секој божји или човечки храм, и таму знаат да се најдат луѓе кои се прошверцувале.

* Ја барам Библијата.... Кој е авторот?

* Имате ли книги прикладна за шимпанза?

* Држите ли аудио книги на глувонем јазик?

Муштеријата: Сакам да ви ја вратам "Where's Wally?"
Продавачот: Зошто?
Муштеријата: Затоа што го најдов.

* Грррр, Шекспир! Секаде го има, нели? Не можеш да побегнеш од тој човек! Би сакал да не олабави и да умре.

* Сакам да му подарам одвратна книга на некој кој вистински го мразам. Имате препорака? (ние би имале)

(држејќи книга за уметност): Ихааа, овој Пикасо се плеткал со стварно грди жени.

(при купување на Гуливеровите патувања): И јас ќе патувам, па, да добијам некоја идеја.

(муштерија до другар): Читам само книги за кои верувам дека се случиле. Како Зона на самракот.

Муштеријата: Pride and Prejudice е издадена многу одамна, нели?
Продавачот: Да, зошто ?
Муштеријата: Овој Колин Фирт изгледа многу добро за годините.

* Не сакам биографски книги. Главниот јунак обично умира на крајот.

(жена, држејќи ја WeightWatchers во едната и The Hunger Games во другата рака): Која од овие две книги за диети ми ја препорачувате?

* Јас да имав книжарница, одделот за мистерии ќе се наоѓаше најтешко.

* Во кој дел да барам книга за мотори со внатрешно согорување, соодветни за тригодишно дете?

* Не, не сакам да ја читам таа. Ќе си го расипам филмот.

---------------------------------

Примерите се собирани од книжарницата Ripping Yarns во северен Лондон.

* КАКО Е ТОА КАЈ НАС?

 

16 април 2013 - 09:24