Претседателот на Кнесетот порачал дека ќе се распраша и ќе инсистира на Зеленски да му биде дозволено да се обрати преку Зум, и на помала, ограничена, група пратениците.
Објаснувањето на Мики Леви, е дека во четврток започнува годишната пауза на Кнесетот заради која нема да бидат достапни сите пратеници, меѓутоа тој би можел да свика одреден број од нив.
Работите се комплицираат и затоа што за време на распустот во Кнесетот е закажано и реновирање.
Украинските дипломати ја одбиле ваквата понуда бидејќи се надевале дека ќе обезбедат поголема платформа за својот претседател.
До сега Зеленски одржа слични говори пред парламентите на Велика Британија, Европската унија и Канада.
Односите меѓу Израел и Украина се прилично напнати периодов бидејќи Израел одбива остро да ја критикува Русија или да ја подржи Украина. Делумно заради руското присуство во Сирија, делумно затоа што се обидува да се позиционира како посредник меѓу двете страни.