Зеленски веќе не е претседател... за руските медиуми

Кремљ им наложил на сите руски државни медиуми да престанат да го ословуваат Владимир Зеленски како „претседател“ на Украина, објавуваат руски опозициски медиуми.

Телевизиите и онлајн медиумите се советувани наместо тоа да ја користат фразата „режимот на Зеленски“ или украинскиот претседател да го викаат само по име.

Насоките за сега важат само за насловите на вестите како Зеленски само по име, без неговата официјална титула, би се појавувал на руските агрегатори на вести.

Откако минатиот петок е издадена насоката државната новинска агенција РИА во неколку наврати користи „првиот човек на режимот во Киев,“ „киевскиот лидер“ и „украинскиот лидер“.

20 септември 2023 - 13:56