По ова „Бајден се извадил од такт“ и со повишен тон му порачал на Зеленски дека американскиот народ до сега бил прилично дарежлив а неговата администрација и војската напорно работат на помагање на Украина, па „Зеленски би можел да покаже малку повеќе благодарност.“
Разговорот е од јуни, а од тогаш односот меѓу двајцата претседатели е подобрен, изјавуваат од Белата куќа. Инаку веднаш по разговорот Зеленски излегол со изјава во која се заблагодарува на помошта од САД.
Веста што ја објавува Ен-би-си се случува во екот на кампањата на Бајден и демократите да го протнат новиот огромен пакет за помош на Украина пред меѓуизборите и потенцијалната смена на власта во Конгресот, кој сега е под целосна контрола на демократите.
Се работи за пакет со вредност од 40 до 60 милијарди долари, но очекувањата се дека на крај договорот ќе падне на 50 милијарди долари, во опрема, оружје и останата помош што САД треба да и ја испрати на Украина.
Периодов се повеќе и републикански и демократски конгресмени почнаа да ја повлекуваат својата бланко поддршка за секој пакет помош за Украина.
Бројот на Американци кои се екстремно или многу загрижени дека Украина ќе ја изгуби војната е паднат за 17%, од 55 во мај на 38 во октомври. Во исто време бројот на Американци кои не се премногу или воопшто не се загрижени ако Русија победи е пораснат од 16 на 26%.
Процената на високи американски функционери е дека војната нема абер да заврши во скоро време.