Во документарец на новинарот Дмитро Комаров, Зеленски објаснува дека како што Русија полека почнува да попушта под притисокот на тешки економски санкции режимот на Путин ќе почне да станува се пофрагилен и тоа ќе ги провоцира неговите ривали да се ослободат од него.
„Со сигурност ќе има момент кога фрагилноста на режимот на Путин ќе се почувствува во Русија.
Тогаш месојадите ќе ги изедат месојадите. Тоа е многу важно и ним ќе им треба причина за да го оправдаат ова.
Тие ќе се сетат. Ќе најдат причина да го убијат убиецот.
Дали тоа ќе успее? Да. Кога? Не знам,“ изјавил Зеленски.
Кругот на Путин е составен од неколку блиски советници кои со децении се со него. Надоврзувајќи се на ова, британски Телеграф забележува дека моментално се случува страшен судир меѓу најблиските луѓе на Путин, во кој првиот човек на Вагнер групата, Пригожин, познат како Готвачот на Путин, јавно ги напаѓа руското министерство за одбрана и министерот Шојгу за неспособност и саботирање.