Зеленски смета дека се неопходни широки измени на военото и цивилно раководство на Украина за да можат одново да се стартуваат воените напори против Русија.
„Неопходно е ресетирање, нов почетокот. Имам нешто сериозно на памет кое не се однесува на само еден човек туку и на правецот на раководењето со државата,“ изјавил Зеленски во интервју за италијанската Раи.
Отпуштањето на Залужниј беше завршена работа уште минатата недела кога неофицијално беше објавена веста дека Зеленски го свикал генералот во својот кабинет и побарал од него да поднесе оставка. По ова се случува огромен притисок од јавноста и планот привремено е паузиран, за сега Зеленски за прв пат да ја потврди својата намера. Последната шпекулација е дека Залужниј би можел да биде испратен за амбасадор во Британија.
Она што моментално ја зголемува тензијата меѓу Зеленски и Залужниј е законот за регрутирање кој треба да донесе 500.000 нови војници на украинските вооружени сили. Ова ќе се постигне со проширување на границите на тоа кој сè може да биде регрутиран.
Притисокот за Зеленски е што војската и военото раководство му се лојални на Залужниј, а „војниците него го гледаат како лидер, него и никој друг.“ Смената на Залужниј неизбежно ќе биде злоупотребена од руската пропаганда за дополнително дискредитирање на Зеленски и внесување раскол меѓу украинската популација и раководство.
„Кога зборуваме за ова, мислам на замена на повеќе држави функционери, не само на еден сектор како армијата.
Ако сакаме да победиме, мораме сите да притискаме во ист правец, убедени во победата,“ порачал Зеленски за Раи.
Што се однесува на отпуштањата на високи цивилни функционери, тие се должат на тоа што министрите и функционерите во украинската влада останаа речиси непроменети од почетокот на руската инвазија.
Промените, главно цивилните, се очекува и малку да го кренат расположението меѓу украинскиот народ, како и рејтингот на владата и Зеленски, кои настрадаа по неуспехот на контраофанзивата.
Њујорк тајмс проценува дека на военото поле украинските сили се на својата најслаба точка од летото 2022, со недостаток на муниција и војници и притиснати од обновената руска офанзива на повеќе точки на фронтот. Најжестоките борби се водат околу Авдивка, во која Русите почнаа да влегуваат во северните предградија. Евентуалното освојување на градот ќе биде најзначајната руска победа од освојувањето на Бахмут во мај минатата година, и ќе им отвори на Русите нови правци на напредување.
На 300 километри на север од Авдивка Русите имаат собрано над 40.000 војници и илјадници тенкови и оклопни возила кои треба да бидат искористени во офанзивата на Купјанск, и освојување на дополнителна територија во регионот на Харков.