Зeленски објаснува дека се уште им недостасуваат „некои работи“ вклучително оклопни возила кои стигаат во серија:
„Со она што во моментов го имаме можеме да тргнеме во напад, и мислам, дека ќе бидеме успешни.
Но ќе изгубиме многу луѓе. И мислам дека тоа не е прифатливо. Па треба да почекаме. Сепак ни треба уште малку време.“
Периодов и јавно и по приватни канали украинските функционери се обидуваат да ги намалат очекувањата од контраофанзивата. Еден висок украински функционер на почетокот од мај за Би-би-си изјави дека раководството на земјата „разбира дека офанзивата треба да биде успешна“ ама дека таа не треба да се смета за „сребрен куршум“ за војна која веќе трае 15 месеци.
Успехот на контраофанзивата е од клучна важност за Украина како би ги оправдала сите инвестиции и помош во воена опрема од Западот, и за сојузниците да не се откажат од помагање и да го притиснат Киев да седне да преговара со Москва, што би подразбирало и отстапување територија.