Според информациите од украинските медиуми Залужниј наводно добивал дел од информациите од своите потчинети само за време на состаноците што ги држел во генералштабот.
„Постои впечаток дека Зеленски ги поделил вооружените сили на две групи: 'добри' командувани од Сирски (првиот човек на пешадијата) и други избрани, и 'лоши' кои му се потчинети на Залужниј.
Ова значително го демотивира Залужниј, и уште поважно, го спречува да ја командува целата војска,“ го пренесува Украинска правда изворот од блискиот круг на Залужниј.
Според нив Зеленски понекогаш носи одлуки за воени работи водени од политички причини. Како пример за тоа е отпуштањето на сите раководители на регионалните канцеларии за регрутација по извештаите за опсежна корупција. Ова предизвикало проблеми кај Залужниј, кој опоменал дека и покрај потребата за борба против корупцијата, постојат пропусти во напорите за мобилизација на војска.
Слично влијание имала и одлуката на Зеленски да се смени командантот за Специјални операции, Виктор Хоренко, кое се случи неколку дена откако Залужниј во Економист прогласи дека војната и контраофанзивата заглавиле.