Порачувајќи дека секој еден загинат е трагедија, Зеленски објави дека Украина до сега има изгубено 31.000 припадници на вооружените сили. Ова е повеќе од двојно зголемување од декември 2022, кога украинскиот претседател за прв пат објави дека земјата има изгубено 13.000 војници.
На истата прес-конференција Зеленски изјави дека Русија до сега имала „500.000 жртви, од кои 180.000 загинати во акција“.
Вашингтон пост пишувајќи дека „бројките што Зеленски ги објави во неделата не можеа да бидат независно потврдени“ потсетува на протечен документ од Пентагон со датум од февруари 2023, во кој се тврди дека Украина имала меѓу 15.500 и 17.000 загинати, и дополнителни меѓу 106.500 и 110.500 ранети. Во истиот документ се проценува дека бројот на загинат руски војници е максимум 42.500, и 177.000 ранети.
Во исто време пренесувајќи за прес-конференцијата Аксиос пишува дека последните бројките на Зеленски се очигледна спротивност на американските проценки од август 2023, кога Њујорк тајмс објави дека до тогаш се загинати 70.000 украински војници, а меѓу 100 и 120 илјади се ранети.