Украинскиот претседател смета дека командантите кои влегле во политика направиле грешка, а во исто време ги предупредил офицерите дека ризикуваат да ја изгубат почитта од своите војници ако почнат да се мешаат во политика.
Зеленски својот осврт го прави на офицерите кои влегоа во политика по 2014, и анексијата на Крим. Според него „најразлични политички сили ја туркаат војската во политика. После 2014 секоја партија сакаше да има некој човек од војската, ѕвезда на војната и јас верувам дека тоа е голема грешка.“
Минатата година како што украинската армија ослободуваше градови од руската војска, така симпатизерите на Валериј Залужниј цртаа негови портрети на ѕидовите на ослободените градови. Залужниј се смета за стратегот зад минатогодишната контраофанзива и еден од најголемите конкуренти на Зеленски доколку реши да влезе во политика.
Во разговорот со британски Сан, Зеленски во ни најмалку суптилна порака до Залужниј и украинските високи офицери, изјави:
„Ако човек од војската одлучи да влезе во политика, тоа е негово право, и треба да влезе во политика ама тогаш не може да управува со војната.
Ако водиш војна а на ум ти е дека утре ќе бидеш политичар или дека ќе имаш избори, тогаш во зборовите или во постапките на фронтот ти се однесуваш како политичар, а не како човек од војската, и мислам дека тоа е голема грешка.“
Иако за време на целата војна им гласини околу несогласувања меѓу Зеленски и Залужниј, тоа ескалираше откако генералот во интервју за Економист порача дека годинава нема да има пробивање на руските одбранбени линии, бидејќи оружјето на двете страни е на исто технолошко ниво.