Во 2023 руските сили освојуваат 2.233 километри квадратни нова украинска територија. Годинава, до сега, се на 2.656, од кои 1.202 километри квадратни се само во месец ноември.
Утехата што доаѓа од експертите е дека ова е главно рурална и стратешки неважна територија, и дека Русите до сега имаат обиколено неколку големи градови, меѓутоа ниту еден немаат заземено.
Се на се, Русија моментално контролира 17,9% од украинската територија.
Најголемиот дел од напредокот е во Доњецк, каде од почетокот на годинава Русија освојува 1.804 километри квадратни.
Еден месец претходно, во октомври, Русите успеваат да го освојат и Вуледар, едно од клучните украински упоришта во јужен Доњецк, кој издржи постојани напади уште од почетокот на војната. Вуледар е најголемата загуба на Украина од падот на Авдивка.
Од април Русија успешно се приближува и го опколува Покровск, а по пат освојува уште неколку помали градови. Русите имаа напредок и во Луганск, каде годинава освоија 350 километри квадратни и моментално запоседнуваат 98,6% од регионот.
Објаснувајќи дека руското напредување доаѓа по огромна човечка цена, аналитичарите алармираат дека намерата на Москва е што можно повеќе да ги растегне украинските сили заради што постои можност украинските линии на колабираат, посебно во регионот на југот од Вуледар.