Додека Киев се уште треба да ја соопшти официјалната страна на приказната, Зеленски веќе го отпушти генерал Микола Олешчук, кој е втор по ранг сменет украински генерал по Валериј Залужниј.
Зеленски кој ја соопштил смената на својот Телеграм канал, не дал причина за истата, иако таа се случува само еден ден по соборувањето на американскиот авион.
Авионот беше соборен додека е во одбранбена мисија од посебно обемен руски воздушен напад. Самите американски експерти објаснуваат дека ваквите напади се сериозно проблематични за ПВО единиците кои треба сред таков хаос да пазат кој е добар а кој е лош додека во исто време насекаде им летаат ракети.
Освен загинатиот пилот и изгубениот авион, инцидентот и прави проблем на Украина во нејзините обиди да „ги интегрира овие авиони во своите сили и да ги убеди НАТО сојузниците дека ефикасно може да ракува со софистицирано западно оружје.“
Пилотот кој загина во несреќата, Олексиј Мес, е еден од само дузина Украинци кои ја завршија забрзаната обука за летање.
Во изјава околу инцидентот украинската авијација до сега само соопшти дека била „изгубена комуникацијата“ со авионот, без никакво дополнително појаснување. Пред да биде соборен, авионот уништил 4 руски крстосувачки ракети.