Ставка по ставка од техничката спецификација Т-72 не е ништо подобар од новите модели на руски (Армата) или американски (Абрамс) тенкови кои излегоа на военото поле, меѓутоа како збир од сите свои карактеристики, тој доминира над конкуренцијата.
72-ката има поедноставна механика, поевтина надградба, а и покрај големиот број на уништени тенкови од овој модел, „неговата леснотија на одржување, способноста за чистење мини и компетентни екипажи ја зацврстија неговата репутација како главна работна сила на военото поле.
Доминацијата на Т-72 се должи и на типот на рововска војна на истрошување која се води на фронтот во Украина, која не одговара на поновите модели како Абрамс, Армата или Леопардите, направени и осмислени за директни тенковски битки.
Русите доста успешно го искористија Т-72 и за брзо расчистување на минското поле, монтирајќи на него едноставни „мински плугови“, па дури и по претрпување на неброени експлозии „тенковите продолжуваат понатаму како да минале преку легнат полицаец.“
За разлика од скапиот НАТО оклоп кој пристигна во Украина, и Украинците го гаражираа по некое време затоа што не им вршеше работа, Русите успеваат за евтини пари да направат надградба на Т-72, додавајќи му реактивен оклоп и подобра заштита од мини и проектили.
За сето ова време Русите исто така и губат бројни Т-72 тенкови, меѓутоа бидејќи ги имаат во изобилие и одлично ги познаваат машините, тие упорно се потпираат на овој модел да биде столбот на нивните оклопни сили.