Во интервју околу украинската инвазија на Курск, Лукашенко објаснува дека тоа дополнително ќе го ескалира конфликтот.
„Таквата ескалација е дел од украинскиот обид да ја притисне Русија да преземе асиметрични мерки. Да речеме, да употреби нуклеарно оружје.
Јас сигурно знам дека Украина ќе биде многу среќна ако Русија или ние искористиме нуклеарно оружје таму. Тие ќе аплаудираат на тоа,“ порачал Лукашенко.
Неговата логика е дека Украина вистински сака да испровоцира нуклеарна реакција од Русија, дури и по цена на огромни загуби, само за Москва да ја изгуби поддршката од земјите што се уште стојат за нејзе.
“По нападот, веројатно, нам едвај би ни бил останат еден сојузник. Генерално нема да има ниту една држава сочувствителна кон нас,“ порачал Лукашенко.