САД и неговите сојузници ја поддржуваат клучната воена цел на Украина, враќање на границите од 2014, односно протерување на Русија од Крим и Донбас. Меѓутоа секој информиран аналитичар се согласува дека на страна сериозна ескалација на војната, најверојатен исход би бил континуирана пат ситуација на фронтот, со не така безначајни шанси за руска победа.
Заклучокот наведува на пожелноста, па дури и итност, на преговаран мир, не само за доброто на Украина. Колебањето на официјален Запад да прифати преговаран мир се потпира на верувањето дека сè освен целосна победа на Украина би значело дека на Путин му било дозволено „да се извади.“
Меѓутоа ова игнорира далеку поважен исход на досегашната војна: тоа дека Украина се борела за својата независност, и ја добила, како и Финска во 1939-40. Некои територијални отстапки би биле мала цена да се платат за оваа реалност, за независност.
Ако мир базиран отприлика на сегашните линии на поделба е неизбежен, тогаш неморално е да не се проба сега.
Вашингтон треба да започне разговори со Москва за нов безбедносен пакт кој ќе ги заштити легитимните безбедносни интереси и на Украина и на Русија. По објавата на овие разговори треба веднаш да следува временски ограничен прекин на огнот во Украина. Прекинот на огнот ќе им овозможи на руските и украинските лидери да преговараат на реалистичен и конструктивен начин.
Ги повикуваме светските лидер да иницираат или поддржат таква иницијатива. Колку подолго војната продолжи толку повеќе е веројатно дека Украина ќе губи територија, и толку повеќе е веројатно да се зголемува притисокот за ескалација до нуклеарно ниво. Колку побрзо мирот се преговара толку повеќе животи ќе бидат спасени, и побрзо ќе започне реконструкцијата на Украина и побрзо светот ќе биде вратен од овој многу опасен раб на кој моментално стои.
Лорд Скиделски
Професор по политичка економија на Универзитетот во Варвик
Сер Антони Брентон
Британски амбасадор во Русија (2004-2008)
Томас Фази
Новинар, автор, колумнист во Анхерд
Анатол Ливен
Висок соработник на Квинси институтот за одговорна државотворност
Џек Матлок
Американски амбасадор во СССР (1987-1991)
Иан Прауд
Британска амбасада во Москва (2014-2019)
Ричард Саква
Професор по руска и европска политика на Универзитетот во Кент
Кристофер Гренвил
Британска амбасада во Москва (1991-1995)