Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Жерновски по паметот на Чупеска: Историски пад на ВМРО ДПМНЕ

21 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • ВМРО-ДПМНЕ загуби 140.000 гласа, а разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ e значително намалена, напиша на Фејсбук политичарот, поранешен градоначалник и амбасадор – Андреј Жерновски.
  • Тој вели „Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Тоа е најголемиот и најбрзиот пад на било која владејачка партија во историјата на македонскиот политички плурализам“.
  • „Трендот е тој и во наредниот период ќе продолжи со исто темпо“, заклучува Жерновски.

Ground control to Major Tom:

 

извор

Павел Дуров би го откупил пленот од Лувр

21 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Павел Дуров, еден од основачите на популарната апликација Телеграм, понуди откуп за францускиот кралски накит што пред некој ден беше украден од парискиот Лувр. Артефактите ќе ги подари на музејот што Лувр го отвори во Абу Даби.
  • Четворица крадци во неделата провалија во најпознатиот музеј во Париз и избегаа со осум артефакти со непроценлива вредност - ѓердани, обетки и тијара на кралското семејство од 19-ти век.
  • „Со задоволство би го откупил ограбениот накит и би му го вратил на Лувр. Мислам на Абу Даби, се разбира, никој не краде од Лувр во Абу Даби“, порача рускиот милијардер, кој сега живее во Дубаи.
  • „Грабежот воопшто не ме изненадува. Тој е уште еден тажен знак за пропаѓањето на некогаш великата земја, во која владата ги усоврши фантомските закани за луѓето, наместо да се соочи со вистинските закани“, додаде Дуров.
  • Тој неодамна го обвини Париз дека настојува да наметне политичка цензура на Телеграм. Лани беше приведен на аеродром во Париз под обвинение  дека од платформата не отстранил „нелегална содржина“.
извор

Нови правила за возачки дозволи во ЕУ

21 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Европскиот парламент поддржа построги правила за возачки дозволи, со цел да ја зголеми безбедноста на патиштата на кои во сообраќајни несреќи секоја година гинат по речиси 20.000 луѓе. Новите правила ќе стапат на сила 20 дена по објавувањето во Службениот весник на ЕУ, а членките ќе мора да ги вградат во националните закони во рок од три години.
  • Дозволите ќе се издаваат на 15 години, односно на 10 години во членките во кои возачката дозвола е официјален документ за идентификација. Дозволите за управување камиони ќе се обновуваат на пет години. 
  • Првпат на ниво на ЕУ се утврдува пробен период од две години за неискусни возачи. За нив ќе има построги ограничувања и казни за возење под дејство на алкохол или ако не врзуваат појаси.
  • Членките ќе бидат обврзани на размена на информации за одземање на возачките дозволи во случај на возење под дејство на алкохол и дрога, за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици и за претерано надминување на брзината за повеќе од 50 километри на час.
  • Со новите правила се предвидува главен формат на возачка дозвола постепено да стане дигиталната, како апликација на мобилен телефон. Секој што ќе побара ќе ја добие и како картичка, најдоцна три недели по барањето.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во Русија падна голот на векот, нешто несфатливо за објаснување

Фудбал
2

Јаки полицајци имаме

Македонштина
3

Мажите знаат зошто

Македонштина
4

Веќе ништо нема да биде исто во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“

Македонштина
5

Дур трепнеш, вонземјаните ги снемало

Наука
6

Костадинов од Струмица: Ова не е пораз, ова е брука

7

Трамп ја спаси Украина од лажна надеж

Мислења
8

ВИЕ се осеќате осамени?

Македонски рулет
1

Дур трепнеш, вонземјаните ги снемало

Наука
2

Костадинов од Струмица: Ова не е пораз, ова е брука

3

Трамп ја спаси Украина од лажна надеж

Мислења
4

Жерновски по паметот на Чупеска: Историски пад на ВМРО ДПМНЕ

5

Заигра багерот во Белата куќа

6

Експлозиите во Унгарија и Романија мирисаат на „Северен тек“

Свет
7

Шума почнала да испушта јаглерод диоксид

Занимливости
8

И Европа ја повлече линијата на Трамп во Донбас

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Спиеш ли мирно, Грчец?

Македонштина

Веќе ништо нема да биде исто во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“

Балканштина

Швајцарски искуства

Македонштина

Мажите знаат зошто

Македонштина

Јаки полицајци имаме

Балканштина

Хемингвеј од Гроцка

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ем шуто ем боде

Со други зборови, му се рика

Направете душата да ви расне

Тито за Бугарите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy