- Европскиот парламент поддржа построги правила за возачки дозволи, со цел да ја зголеми безбедноста на патиштата на кои во сообраќајни несреќи секоја година гинат по речиси 20.000 луѓе. Новите правила ќе стапат на сила 20 дена по објавувањето во Службениот весник на ЕУ, а членките ќе мора да ги вградат во националните закони во рок од три години.
- Дозволите ќе се издаваат на 15 години, односно на 10 години во членките во кои возачката дозвола е официјален документ за идентификација. Дозволите за управување камиони ќе се обновуваат на пет години.
- Првпат на ниво на ЕУ се утврдува пробен период од две години за неискусни возачи. За нив ќе има построги ограничувања и казни за возење под дејство на алкохол или ако не врзуваат појаси.
- Членките ќе бидат обврзани на размена на информации за одземање на возачките дозволи во случај на возење под дејство на алкохол и дрога, за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици и за претерано надминување на брзината за повеќе од 50 километри на час.
- Со новите правила се предвидува главен формат на возачка дозвола постепено да стане дигиталната, како апликација на мобилен телефон. Секој што ќе побара ќе ја добие и како картичка, најдоцна три недели по барањето.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.