Таг: русија украина војна

На Трамп му е испорачан план за присилување на Украина да преговара со Русија, и обратно

Двајца клучни советници на Доналд Трамп му изработиле план за ставање крај на војната во Украина кој се базира на прекинување на воената помош се додека Киев не прифати да започне мировни преговори со Москва.

На Украина и требаат 800 милијарди долари за да го победи Путин

Володимир Пикузо е еден од највисоките функционери на Агенцијата за одбранбени набавки, оформена на негово инсистирање бидејќи постојната украинска мрежа за набавка на оружје е премногу гломазна за да ја врши работата сред војна. И според него, Украина добива далеку премалку воена помош за да може да му се спротивстави на Путин.

ММЕ ќе почне ли некој да обучува украински пилоти

Украина и Западот се во константна расправа околу тоа кој ќе почне, со која брзина и со кој обем да ги обучува украинските пилоти што Киев ги избра за управување со американските Ф16.

Доста веќе со градови-тврдини

Иако неспорно моќно звучи етикетата град-тврдина, исто како што е непосрен хеоризмот на украинските војници кои го бранат и загинале бранејќи, според украинските војници таквата стратегија е залудна и ништо не донела до сега.

Украина дреме во ред за обука на пилоти за Ф-16

Киев се повеќе се фрустрира од ограничениот американски капацитет за обука на пилоти. Американците пак објаснуваат дека имаат и други муштерии.

Русија ќе донира ракети со голем домет на држави што сакаат да удрат по Западот

Како што Украина доби НАТО оружје со голем домет и дозвола со истото да се гаѓаат мети во Русија, така и некои страни во светот заинтересирани да удрат по Западот ќе добијат руско оружје.

На Газпром не му се погоди војната

Малку е веројатно дека Газпром ќе успее да ја надомести изгубената продажба на гас барем во следната деценија, се тврди во извештај изработен на барање на Газпром.

Основната обука во Украина едвај ги покрива основите

Украинските команданти кои се на теренот стравуваат дека најголемиот дел нови војници што земјата ќе успее да ги собере со новиот закон за регрутација ќе пристигнат на фронтот со слаба обука.

Украина смее да бомбардира на руска територија со американско оружје

Џо Бајден и даде дозвола на Украина да ги користи американските ракети и артилерија за гаѓање на мети на територијата на Русија, за сега само во регионот на Харков.

Сè што Украинците треба да знаат за приоритетите на Бајден

Ако молневитата реакција за интервентно снабдување на Израел со најново оружје и муниција не беше доволна за Америка да покаже како може кога сака, сега Украинците треба да разберат дека за Бајден е поважно да се види со Џорџ Клуни отколку да присуствува на мировниот самит за Украина.

Дали Џо Бајден воопшто е свесен за катастрофалната штета што ја направи?

Џо Бајден е најлошиот американски претседател од Џими Картер до денес. Бајден специјализираше на предавање на пријателите на Америка и наградување на нејзините непријатели, во понижување на Западот и охрабрување на автократиите на Глобалниот југ, пишува Алистер Хит во текстот за британски Телеграф.

Украина доби ракети, сега бара дозвола да рока по Русија со нив

Притисокот што сега доаѓа од Киев кон администрацијата на Бајден е да се повлече забраната за користење на американско оружје за напади на руска територија, бидејќи оваа забрана ги спречува да ги нападнат руските позиции од каде се подготвува офанзивата кон Харков.

Како една пукнатина во украинските редови го отвори патот за руската армија

Кога руските војници изненадно се појавија во малото гратче Очеретине на истокот од Украина, беше јасно дека се случила некоја страшна грешка, пишува Њујорк тајмс.

На северот од Украина од тешко стана потешко

Рускиот упад на североистокот од земјата и неочекувано успешното напредување дополнително ги растегна и истенчи украинските редови кои имаат минимални резерви на луѓе и оружје, алармира првиот човек на украинското воено разузнавање Кирило Буданов.

Путин го смени Шојгу

Рускиот претседател го објави составот на новата руска влада, а на списокот го немаше вечниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Украина е на работ

Ситуацијата е најтешка што некогаш била од првите денови на руската инвазија, и работите ќе станат уште полоши, изјавува првиот човек на украинското воено разузнавање, генерал Вадим Скибитски, во разговор со Економист.

Америка толку време се бори со бунтовници, што заборави како се води вистинска војна

Војните што САД го води последниве децении главно се герила војни, заради што и обуката, фокусот и размислувањето на американската армија е во правец на справување со бунтовници, а не фронтовски непријател.

61 милијарда долари не се доволно

Парите што САД ги одобри за Украина се за да ја спасат земјата од крах се добредојдени на краток рок, меѓутоа на среден на Киев му треба план за финансирање како би го издржал притисокот од Русија.

Киев да ја штеди помошта како да е последна

Воени експерти ја советуваат Украина многу внимателно да ја троши својата помош од 61 милијарда долари бидејќи постои можност дека Америка нема да испрати уште еден пакет.

Полска и Литванија радо би да ловат избегани Украинци

Министрите за одбрана на Полска и Литванија, без никој да го побара тоа од нив, ветија дека ќе почнат да приведуваат и депортираат Украинци на нивна територија кои ја напуштиле Украина за да избегаат од регрутација.

Залудноста на војната во Украина стана очигледна

Најголемата трагедија на руско-украинската војна е дека на крај ќе се покаже дека била залудна. Најверојатниот исход, територијално поместување во корист на Москва и безбедносни гаранции за Украина и Русија, ќе можеше и мирољубиво претходно да биде договорен доколку лидерите имаа пореална слика за балансот на моќта и поголема политичка храброст.

Украина е тргната накај пораз

Ветувањето дека Западот ќе биде со Киев „колку долго и да треба“ звучи празно кога минале 4 недели откако твојата единица ја испукала последната артилериска граната, пишува магазинот Политико.

Не излегува математиката за Украина

Претседателот Бајден сака светот да верува дека најголемата препрека со која се соочува Украина се републиканците и нашиот недостаток на посветеност кон глобалната заедница. Ова е погрешно, пишува републиканскиот сенатор Ј. Д. Ванс.