Украина смее да бомбардира на руска територија со американско оружје

Џо Бајден и даде дозвола на Украина да ги користи американските ракети и артилерија за гаѓање на мети на територијата на Русија, за сега само во регионот на Харков.

Слично како што претходно Американците ветија дека ќе пазат ниту една ракета да не ја прелета украинската граница, сега американски функционери изјавиле дека внимателно ќе следат за да се осигураат дека американското оружје ќе се користи само за „контра-напад“ за да се нападнат „руските сили кои први удриле на нив или се подготвуваат за удар.“

Руската војска изминатиов период изврши неочекувана и успешна офанзива во близина на Харков упаѓајќи преку северната граница на Украина.

Американците инсистираат дека нивната политика „во однос на забрана за користење на АТАЦМС или проектили со голем домет во Русија не е променета“, меѓутоа појаснуваат:

„Ние никогаш не им рековме (на Украина) дека не можат да соборат руски авиони над руско тло кои доаѓаат да ги нападнат.“

Со промената на политиката Украинците ќе можат да користат артилерија и ракети со краток домет од Химарсите против руски командни места.

Претходно Британија и неколку други европски држави дозволија користење на нивно оружје на руска територија.

31 мај 2024 - 09:15