Киев инсистира дека имаат 30 пилоти на готовс да почнат со обуката, меѓутоа западните партнери им немаат обезбедено место во нивните курсеви / обука за Ф16. Според нив, на земјата итно и требаат пилоти кои ќе бидат обучени за летање на авионите веднаш штом тие бидат испорачани од Западот.
Од друга страна САД и Западот објаснуваат дека тие го координираат трансферот на авионите со обуката на пилотите и персоналот за нивно одржување.
Пентагон исто така го оспорува и тврдењето на Киев дека имаат 30 пилоти што чекаат обука, објаснувајќи дека и оние пилоти што веќе се обучуваат во западните центри имаат проблем со англискиот јазик и програмата за обука.
Западните функционери се уверени во нивниот распоред дека ќе обучат доволно украински пилоти за да ја летаат првата пратка на Ф16-ки кога таа ќе пристигне во земјата. Тие сметаат и дека целата програма треба полека да се проширува за да се осигури дека Украина може да управува и да ги одржува авионите, како и дека ја има целата неопходна инфраструктура.
„Не е само да имаш пилоти. Одржувањето е клучен дел и обуката на одржувачите.
Сакаш да имаш комплетен пакет. Тоа значи тим, оружје, резервни делови. Мора да имаш сè,“ објаснувала холандската министерка за одбрана.
Данска, Норвешка, Белгија и Холандија се согласиле да и испратат на Украина над 60 Ф16-ки, меѓутоа не е познато кога, освен дека би требало да се случи летово.
Од Западот објаснуваат и дека не сакаат да се случи да имаат обучено премногу пилоти пред Украина да ги добие авионите на кои тие ќе треба да ја продолжат својата обука, порачувајќи дека ако „пилотите не добиваат доволно часови летање, нивните вештини почнуваат да атрофираат,“ дополнувајќи дека ако немаш авиони за да продолжиш со обука „тоа некако тие потрошена енергија“.