Извозот на гас на компанијата во Европа до 2035 ќе изнесува во просек меѓу 50 и 75 милијарди кубни метри годишно, што е едвај една третина од пред војната.
Во самиот извештај се објаснува дека иако Газпром се надева дека новиот гасовод кон Кина ќе надомести за изгубениот европски пазар, неговиот капаците ќе биде само 50 милијарди кубни метри годишно, а цените по кои се продава рускиот гас на азискиот пазар се драстично пониски отколку во Европа.
„Главните последици на санкциите за Газпром и енергетската индустрија е намалувањето на обемот на извоз, кој ќе биде вратен на нивоата од 2020 не порано од 2035,“ пишуваат авторите на документот.
Извештајот од 151 страница е нарачан од менаџментот на компнијата а е испорачан кон крајот на 2023, и е едно од најсликовитите признанија за тоа како западните санкции наметнати врз Русија му наштетија на Газпром и поширикиот руски енергетски сектор.
Од друга страна аналитичарот на Карнеги Русија и поранешен прв човек за стратегија на Газпром нефт, Сергеј Вакуленко, објаснува дека Газпром редовно нарачува надворешни студии кои потоа ги користи како аргумент за да добие повластен третман и дополнително финансирање од Кремљ.
Според извештајот на извозот на Газпром ќе влијае и опаѓачката популарноста на гас од гасовод, чија побарувачка сега е заменета со ЛНГ, за кој Газпром до сега нема докажана сопствена технологија со која може да го произведува во голем обем. Моментално најголем и технички најнапреден руски производител на ЛНГ е Новатек.
Привлечноста на ЛНГ за Русија е и за тоа што тој се пренесува со бродови наместо со гасоводи, заради што е и потежок за следење каде и на кого сè се испорачува.
Санкциите успеале да ја отсечат и руската енергетска индустрија од клучни технологии како турбини кои помагаат во движењето на гасот низ гасоводот, како и резервни делови и експертиза неопходна за нивна поправка.
Во меѓувреме Русија се уште не успева да го затвори предложениот договор за изградба на Сибир 2 гасоводот кон Кина, кој треба колку толку да го надополни извозот на Газпром.