Основната обука во Украина едвај ги покрива основите

Украинските команданти кои се на теренот стравуваат дека најголемиот дел нови војници што земјата ќе успее да ги собере со новиот закон за регрутација ќе пристигнат на фронтот со слаба обука.

Командантите објаснуваат дека украинската војска има проблем со обука и пред руската офанзива, и дека проширувањето на границата за регрутирање војници е само еден од потребните чекори за решавање на проблемот со персонал.

Украина одлучи да го прифати и руското решение за пополнување на своите редови, па минатиот месец Зеленски го потпиша законот со кој на затвореници ќе им биде дозволено својата казна да ја отслужат на фронтот „што обезбедува илјадници нови борци, но во исто време ослободува насилни криминалци во општеството.“

Поплаката на украинските команданти е дека без разлика од каде доаѓаат новите војници, тие мора да одвојат недели за да ги научат на основни работи, пример како да пукаат, бидејќи обуката им е толку лоша.

„Имавме момци кои не знаеа ни да растурат и состават пушка,“ се жали еден 28-годишен украински командант.

Истиот тој објаснува дека откако ќе му стигнат нови војници минува една недела со нив, додека не се осигура дека секој од нив не испука еден сандак куршуми (околу 1.500), пред да се префрли на покомплексни задачи.

„Само губиме време на основна обука.

Ако не да ја Боже Русите пробијат во близина на Часив Јар а ние добиеме нова пешадија што не ги знае основните работи, тие ќе бидат само испратени да загинат,“ објаснил командантот.

За пополнување на своите редови и спречување на руското напредување војската почна да испраќа војници кои до тогаш биле на задачи како чување мостови или друга инфраструктура на другата страна од земјата, директно во некои од најжестоките борби на фронтот. Проблемот и со овие војници е што доаѓаат неподготвени и покрај тоа што и по две години служеле војска.

Од друга страна луѓе од центрите за обука се жалат дека немаат муниција бидејќи сите резерви се чуваат за војската на фронтот, па регрутите добиваат многу мало искуство со пукање на боева муниција. Еден од офицерите изјавува дека тренинг центрите имаат само по 20 куршуми од човек.

„Нема бомби за фрлање, а нема ни муниција за фрлачи на гранати. Ова е проблем.

Немаме прописен систем за обука,“ изјавил украински офицер.

Самиот украински генерал-штаб повеќе се фокусира на обука на регрути надвор од земјата, на локации кои Русија не може да ги нападне, главно во Британија.

5 јуни 2024 - 10:36