Во исто време стапот/морковот за Москва ќе биде дека нивното одбивање да преговараат ќе резултира со зголемена американска помош за Украина.
Според планот за време на преговорите, ќе има примирје базирано на постојните борбени линии.
Ројтерс ја пренесува и изјавата на двајцата советници според кои Трамп позитивно реагирал на стратегијата „не велам дека тој се согласи со секој збор од неа, но задоволни сме од фидбекот што го добивме.“
Планот претставува драстично разидување со досегашната позиција на САД околу војната и би бил соочен со сериозно противење од европските сојузници.
Претходно Кремљ порача дека каков било мировен план на идната администрација на Трамп „ќе мора да ја одразува реалноста на борбеното поле.“